1. Петрово 5:1-14

5  И така, ги поттикнувам старешините меѓу вас, зашто и самиот сум старешина+ како нив и сведок+ на Христовите страдања, а и соучесник во славата која ќе се појави:+  Пасете го+ Божјето стадо+ кое ви е доверено — не со сила, туку доброволно;+ не поради нечесна добивка,+ туку горливо;  не како да господарите+ над оние што се Божја сопственост,+ туку бидете му пример на стадото.+  А кога ќе се појави врховниот пастир,+ ќе го примите венецот* на славата+ што не венее.+  Така и вие, помлади мажи, бидете им подложни+ на старешините.* А сите вие, во меѓусебното однесување, опашајте се со понизност,+ бидејќи Бог им се спротивставува на вообразените, а им укажува незаслужена доброта на понизните.+  Затоа, понизете се под моќната Божја рака за да ве возвиши кога ќе дојде време,+  и сите свои грижи+ фрлете ги на него,* зашто тој се грижи за вас.+  Бидете трезвени, бдејте!+ Вашиот противник, Ѓаволот, оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта.+  А вие спротивставете му се+ цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања ги поднесуваат и вашите браќа по светот.+ 10  А откако малку ќе пострадате,+ Богот на сета незаслужена доброта, кој поради вашето единство+ со Христос ве повика во својата вечна слава,+ ќе го доврши вашето обучување, ќе ве зацврсти,+ ќе ве зајакне.+ 11  Неговата моќ+ е вечна. Амин. 12  По Силван,+ кого го сметам за верен брат, ви пишувам накратко+ за да ве охрабрам и со увереност да ви посведочам дека ова е вистинската Божја незаслужена доброта. Во неа стојте!+ 13  Ве поздравува онаа што е во Вавилон,+ избрана како и вие, а и Марко,+ мојот син. 14  Поздравете се еден со друг со бакнеж на љубовта.+ Мир на сите вас кои сте во единство со Христос.+

Фусноти

Или: „круната“.
Или: „на постарите мажи“.
Или: „доверете му ги нему“.