1. Самоилова 1:1-28

1  Во Раматаим-Софим,+ во ефремските планини,+ имаше еден човек кој се викаше Елкана,+ син на Јероам, син на Елиу,* син на Тоху, син на Зуф,+ Ефремовец.  Тој имаше две жени. Едната се викаше Ана, а другата Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше.+  Тој човек секоја година од својот град одеше во Сило за да му се поклони+ на Јехова над војските* и да му принесе жртви.+ Таму двајцата синови на Илиј — Офни и Финес+ — служеа како свештеници на Јехова.+  Кога принесуваше жртва, Елкана им даваше повеќе делови од жртвата+ на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и на нејзините ќерки,  а на Ана ѝ даваше само еден дел. Но тој повеќе ја сакаше Ана,+ иако Јехова ѝ ја беше затворил материцата.+  Освен тоа, нејзината соперничка постојано ја предизвикуваше+ и ја вознемируваше поради тоа што Јехова ѝ ја беше затворил материцата.  Тоа го правеше секоја година,+ кога и да одеа во Јеховиниот дом.+ Толку ја предизвикуваше што оваа плачеше и не јадеше.  А Елкана, нејзиниот маж, ѝ рече: „Ана, зошто плачеш? Зошто не јадеш? И зошто ти е тажно срцето?+ Зарем не сум ти јас подобар од десет синови?“+  Откако јадеа и пиеја во Сило, Ана стана, а свештеникот Илиј седеше на столот до довратникот на Јеховиниот храм.+ 10  Таа беше огорчена во душата+ и почна да му се моли на Јехова,+ плачејќи горко.+ 11  И вака се заветува:+ „Јехова над војските, ако погледнеш на неволјата на својата робинка+ и ако се сетиш на мене,+ ако не ја заборавиш својата робинка и ако ѝ дадеш машко дете на својата робинка, јас ќе ти го дадам тебе, Јехова, за сите денови од неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава“.+ 12  Така таа долго му се молеше+ на Јехова, а Илиј ја гледаше во устата. 13  А Ана зборуваше во своето срце+ и само усните ѝ потреперуваа, но глас не се слушаше. Затоа Илиј помисли дека е пијана.+ 14  Па Илиј ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана?+ Отрезни се од своето вино!“ 15  А Ана му одговори: „Не сум пијана, господару, туку сум многу тажна.* Не сум пиела ни вино ни опојни пијалаци, туку ја излевам својата душа пред Јехова.+ 16  Немој да мислиш дека твојата робинка е некоја никаквица,+ зашто сѐ досега зборував од голема грижа и тага“.+ 17  Тогаш Илиј ѝ одговори: „Оди си во мир!+ И Богот на Израел нека ти ја услиши молитвата што си му ја упатила“.+ 18  А таа рече: „Твојата слугинка нека најде милост во твои очи“.+ Потоа си отиде по својот пат, па јадеше+ и лицето повеќе не ѝ беше тажно.+ 19  Изутрината станаа рано и се поклонија пред Јехова, па се вратија и си дојдоа во својата куќа во Рама.+ И Елкана легна+ со Ана, својата жена, и Јехова се сети на неа.+ 20  Кога помина една година, Ана, која беше забременила, роди син и му го даде името+ Самоил,* зашто рече: „Го измолив+ од Јехова“. 21  Потоа Елкана отиде со сиот свој дом за да му ги принесе на Јехова годишната жртва+ и својата заветна жртва.+ 22  А Ана не отиде,+ зашто му рече на својот маж: „Кога детето ќе биде одбиено од гради,+ ќе го одведам за да се покаже пред Јехова и да остане таму засекогаш“.+ 23  Тогаш Елкана, нејзиниот маж,+ ѝ рече: „Направи го она што е добро во твои очи.+ Остани дома додека не го одбиеш од гради. Само Јехова нека го исполни својот збор“.+ Така жената остана дома и го доеше својот син додека не го одби од гради.+ 24  Кога го одби од гради, го поведе со себе, а зеде и тригодишен јунец, една ефа* брашно и голем ќуп со вино.+ И влезе во Јеховиниот дом во Сило,+ а детето беше со неа. 25  Тогаш го заклаа јунецот, а детето го одведоа кај Илиј.+ 26  И таа рече: „Прости, господару! Како што е жива твојата душа,+ господару, јас сум жената што стоеше пред тебе на ова место и му се молеше на Јехова.+ 27  За ова дете се молев, Јехова да ми ја услиши молитвата+ што му ја упатив.+ 28  Затоа сега му го дарувам на Јехова.+ Во сите денови од неговиот живот нека му биде посветен на Јехова“. И Елкана му се поклони таму на Јехова.+

Фусноти

Во 1Ле 6:27 „Елијав“; во 1Ле 6:34 „Елиел“.
Или: „Јехова Саваот“.
Или: „очајна во духот“.
„Самоил“ значи „[да се повикува] Божјето име“.
Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.