1. Самоилова 15:1-35

15  Еднаш Самоил му рече на Саул: „Мене ме испрати Јехова да те помазам+ за цар над неговиот народ Израел. Затоа сега послушај ги Јеховините зборови.+  Вака вели Јехова над војските:+ ‚Ќе го казнам+ Амалик поради она што му го направи на Израел кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.+  Сега оди и нападни го Амалик,+ па погуби+ го* и него и сѐ што има тој! Немој да му се смилуваш, туку убиј+ ги мажите и жените, децата и доенчињата,+ говедата и овците, камилите и магарињата!‘ “+  Тогаш Саул го свика народот и го преброи во Телаим.+ Имаше двесте илјади пешаци и десет илјади синови на Јуда.+  И Саул дојде до амаличкиот град и постави заседа во речната долина.*  Потоа Саул им порача на Кенејците:+ „Одете, одвојте се+ од Амаличаните и излезете од нивната средина за да не ве сотрам и вас со нив. Зашто, вие бевте милостиви* кон сите синови на Израел+ кога излегуваа од Египет“.+ Така Кенејците си отидоа откај Амаличаните.  Потоа Саул ги уби Амаличаните+ од Авила+ до Сур,+ кој е пред Египет.  И го фати жив Агаг,+ амаличкиот цар, а целиот народ го погуби со сечилото на мечот.+  Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрата крупна и ситна стока+ и згоената стока и овните и сѐ што беше добро, па не ги убија.+ А сѐ што беше презрено и отфрлено, тоа го убија. 10  И Јеховината реч му дојде на Самоил: 11  „Жал+ ми е што го поставив Саул за цар, бидејќи се одврати+ од мене и не ги изврши моите зборови“.+ Тоа го погоди Самоил+ и цела ноќ го молеше за помош Јехова.+ 12  Потоа Самоил стана рано наутро за да го пресретне Саул. Но на Самоил му јавија: „Саул дојде во Кармил,+ и гледај, подигна за себе споменик,+ а потоа се сврти, па отиде и слезе во Гилгал“. 13  И Самоил дојде кај Саул, а Саул му рече: „Да си благословен+ од Јехова! Ја извршив Јеховината реч“.+ 14  Но Самоил одврати: „Тогаш какво е тоа блеење на овци и кози што допира до моите уши и какво е тоа мукање на говеда што го слушам?“+ 15  А Саул одговори: „Ги одведоа откај Амаличаните, зашто народот+ ја поштеди најдобрата ситна и крупна стока за да му ја жртвува на Јехова, твојот Бог.+ Но сѐ друго убивме“. 16  Тогаш Самоил му рече на Саул: „Застани да ти кажам што ми рече Јехова ноќеска“.+ А тој му одговори: „Зборувај!“ 17  И Самоил рече: „Зар не стана поглавар на Израеловите племиња додека беше мал во свои очи?+ И зар не те помаза+ Јехова за цар над Израел? 18  Потоа Јехова те испрати на задача, велејќи: ‚Оди, убиј ги грешниците,+ Амаличаните, и бори се против нив додека не ги истребиш!‘+ 19  Тогаш зошто не го послуша Јеховиниот глас, туку лакомо се нафрли на пленот+ и го направи она што е зло во Јеховини очи?“+ 20  А Саул му одговори на Самоил: „Но јас го послушав+ Јеховиниот глас и отидов на задачата на која ме испрати Јехова и го доведов Агаг,+ амаличкиот цар, а Амаличаните ги убив.+ 21  А народот+ зеде од пленот овци и говеда, најдоброто од она што беше одредено за убивање, за да му го жртвува+ на Јехова, твојот Бог, во Гилгал“.+ 22  А Самоил одврати: „Зар му се жртвите паленици+ и другите жртви исто толку мили на Јехова колку што му е мила послушноста на Јеховиниот глас? Знај, послушноста+ е подобра од жртвите+ и покорноста е подобра од овнешкиот лој.+ 23  Зашто, бунтовноста+ е грев еднаков на гатање+ и самоволието е еднакво на вражање и на идолопоклонство.*+ Поради тоа што ја отфрли речта на Јехова,+ и тој те отфрли тебе за да не бидеш повеќе цар“.+ 24  Тогаш Саул му рече на Самоил: „Згрешив+ што ги престапив Јеховината наредба и твоите зборови, затоа што се плашев од народот,+ па го послушав неговиот глас. 25  Затоа сега те молам да ми го простиш+ гревот и да се вратиш со мене да му се поклонам+ на Јехова“. 26  Но Самоил му рече на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти ја отфрли Јеховината реч, и затоа Јехова те отфрла тебе за да не бидеш повеќе цар над Израел“.+ 27  Кога Самоил се сврти за да си оди, Саул го зграпчи скутот на неговата наметка, но скутот му се истргна+ од рака. 28  Тогаш Самоил му рече: „Денес Јехова ти го одзеде+ од тебе царството на Израел и ќе му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.+ 29  Но Возвишениот Бог на Израел+ нема да излаже+ и нема да зажали, зашто тој не е земен човек за да зажали за нешто“.+ 30  А Саул тогаш рече: „Згрешив. Но, те молам, укажи ми чест+ пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене за да му се поклонам на Јехова, твојот Бог“.+ 31  И Самоил се врати, одејќи по Саул, и Саул му се поклони на Јехова. 32  Потоа Самоил рече: „Доведете ми го Агаг, царот на Амаличаните!“ И Агаг дојде кај него со тешко срце, но во себе си помисли: „Вистина, мина горчината на смртта“. 33  Но Самоил рече: „Како што твојот меч+ оставаше жени без деца, така и твојата мајка+ ќе остане без деца меѓу жените“.+ Тогаш Самоил го исече Агаг пред Јехова во Гилгал.+ 34  Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во својата куќа во Саулова Гаваја.+ 35  И Самоил не го виде Саул сѐ до својата смрт, зашто Самоил тагуваше+ по Саул. А на Јехова му беше жал што го постави Саул за цар над Израел.+

Фусноти

Или: „погуби го како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Види го додатокот 12.
Или: „покажавте лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „терафите“. Терафите биле семејни богови или идоли.