1. Самоилова 26:1-25

26  По некое време, дојдоа луѓе од Зиф+ кај Саул во Гаваја+ и му рекоа: „Не се крие ли Давид на ридот Ехела,+ спроти Јесимон?“*+  И Саул стана+ и отиде во пустината Зиф со три илјади избрани Израелци+ за да го бара Давид во пустината Зиф.  Саул се улогори покрај патот на ридот Ехела, кој е спроти Јесимон, а Давид тогаш беше во пустината. И Давид дозна дека Саул дошол по него во пустината.  Затоа Давид испрати извидувачи+ за да провери дали Саул навистина веќе дошол.  Потоа Давид стана и отиде до местото каде што беше улогорен Саул. Давид го виде местото на кое лежеа Саул и Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на војската. Саул лежеше во заградениот дел од логорот,+ а војската беше улогорена насекаде околу него.  Тогаш Давид им се обрати на Ахимелех Хетеецот+ и на Ависај,+ синот на Серуја,+ братот на Јоав, и праша: „Кој ќе оди со мене кај Саул во логорот?“ А Ависај одговори: „Јас ќе одам со тебе“.+  И Давид отиде ноќе со Ависај кај војската. И гледај, Саул лежеше во заградениот дел на логорот и спиеше, а копјето му беше покрај главата забиено в земја. Авенир и војниците лежеа околу него.  И Ависај му рече на Давид: „Денес Бог ти го предаде в раце твојот непријател.+ Те молам, дозволи ми со еден удар да го приковам со копјето за земја. Втор удар нема да ми треба“.  Но Давид му одговори на Ависај: „Немој да го убиеш! Зашто, кој ќе крене рака на Јеховиниот помазаник+ и ќе остане невин?“+ 10  Давид потоа продолжи: „Како што е жив Јехова,+ Јехова ќе го удри+ — или ќе дојде неговиот ден+ да умре или ќе отиде во битка+ и ќе загине.+ 11  Не сакам да кренам рака+ на Јеховиниот помазаник,+ бидејќи знам дека тоа не би било исправно+ во Јеховини очи.+ Те молам, земи ги сега копјето што му е покрај главата и стомната за вода, па да си одиме“. 12  И Давид ги зеде копјето и стомната за вода, кои беа покрај главата на Саул, па си отидоа. Никој ништо не виде,+ ниту забележа, и никој не се разбуди, зашто сите беа во длабок сон+ кој им го пушти Јехова. 13  Тогаш Давид премина на другата страна и застана подалеку на врвот од планината, така што помеѓу нив имаше големо растојание. 14  И Давид почна да ги довикува војниците и Авенир, синот на Нир, велејќи: „Зар нема да се одгласиш, Авенире?“ А Авенир+ одговори: „Кој си ти што го довикуваш царот?“ 15  Тогаш Давид му рече на Авенир: „Зар не си ти јунак? Кој е како тебе во Израел? Тогаш, зошто не го чуваше својот господар, царот? Зашто, еден од војниците дојде да го убие+ царот, твојот господар. 16  Не е добро тоа што го направи. Како што е жив Јехова,+ заслуживте смрт+ затоа што не го чувавте+ својот господар, Јеховиниот помазаник!+ Види сега каде се копјето на царот и стомната за вода,+ кои му беа до главата!“ 17  И Саул го препозна гласот на Давид, па рече: „Дали е тоа твојот глас, сине мој Давиде?“+ А Давид одговори: „Да, тоа е мојот глас, господару мој, царе!“ 18  Потоа продолжи: „Зошто мојот господар го прогонува својот слуга?+ Што сум направил и каква е злобата во моите раце?+ 19  Сега те молам, господару мој, царе, сослушај ги зборовите на својот слуга! Ако Јехова те подигнал против мене, нека му биде пријатен мирисот на житната жртва,+ но ако го направиле тоа човечките синови,+ нека бидат проколнати пред Јехова+ зашто денес ме истераа за да немам удел во Јеховиното наследство+ и уште велат: ‚Оди, служи им на други богови!’+ 20  Затоа немој да дозволиш мојата крв да падне на земјата пред Јеховиното лице!+ Зашто, царот на Израел излегол да бара една обична болва,+ како кога некој гони еребица по планините“.+ 21  Тогаш Саул рече: „Згрешив!+ Врати се, сине мој Давиде, бидејќи нема повеќе да ти правам зло, зашто мојата душа денес беше скапоцена+ во твои очи! Еве, неразумно постапив и многу згрешив!“ 22  А Давид одговори: „Еве го копјето на царот! Нека дојде еден од луѓето и нека го земе! 23  Јехова ќе му врати секому според неговата праведност+ и според неговата верност. Иако Јехова те предаде денес во мои раце, јас не сакав да кренам рака на Јеховиниот помазаник.+ 24  И гледај, како што денес твојата душа беше скапоцена во мои очи, така мојата душа нека биде скапоцена во очите на Јехова,+ и тој нека ме избави од сите неволји!“+ 25  Тогаш Саул му рече на Давид: „Благословен да си, сине мој Давиде! Не само што ќе го извршиш своето дело туку ќе излезеш и како победник“.+ И Давид си отиде по својот пат, а Саул се врати во своето место.+

Фусноти

Или: „пустината“.