1. Самоилова 28:1-25

28  Во тоа време Филистејците ја собраа својата војска за војна против Израел.+ И Ахис му рече на Давид: „Знај дека ќе одиш со мене во војна, ти и твоите луѓе!“+  А Давид му рече на Ахис: „Добро знаеш што ќе направи твојот слуга“. Тогаш Ахис му одговори на Давид: „Затоа ќе те поставам да ми бидеш чувар засекогаш“.+  Во тоа време Самоил веќе беше мртов и целиот Израел го оплака и го погреба во неговиот град Рама.+ А Саул ги истреби од земјата оние што повикуваа духови и претскажуваа настани.+  А Филистејците се собраа, па дојдоа и се улогорија во Сунам.+ А Саул го собра целиот Израел и се улогори на Гелвуја.+  Кога го виде филистејскиот логор, Саул се исплаши и срцето силно му затрепери.+  Иако Саул го праша Јехова за совет,+ Јехова не му одговараше+ — ниту преку сонови,+ ниту преку Урим,*+ ниту преку пророците.+  На крајот Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена што знае да повикува духови+ за да појдам кај неа и да ја прашам за совет“. А слугите му рекоа: „Ене, во Ен-Дор+ има една жена, која знае да повикува духови“.  Тогаш Саул се преправи,+ се преоблече и отиде со двајца луѓе. Кога стигнаа ноќе+ кај таа жена, тој ѝ рече: „Те молам, гатај ми+ со помош на дух и викни ми го оној што ќе ти го кажам“.  Но жената му рече: „Ти добро знаеш што направи Саул, како ги истреби од земјата оние што повикуваа духови и претскажуваа настани.+ Тогаш, зошто ѝ поставуваш замка на мојава душа за да ме погубиш?“+ 10  А Саул ѝ се заколна во Јехова: „Како што е жив Јехова,+ нема да бидеш виновна за ова!“ 11  Тогаш жената праша: „Кого да ти викнам?“ А тој одговори: „Викни ми го Самоил!“+ 12  Кога го здогледа „Самоил“,+ жената почна да вика колку што ја држеше гласот, а потоа му рече на Саул: „Зошто ме излажа? Па ти си Саул!“ 13  А царот ѝ одговори: „Не плаши се! Туку кажи што виде?“ Тогаш жената му рече на Саул: „Видов како еден бог+ излегува од земјата“. 14  Саул ја праша: „Како изгледа?“ А таа одговори: „Излегува еден старец наметнат со наметка“.+ Тогаш Саул заклучи дека тоа е „Самоил“,+ па длабоко се поклони и падна ничкум, со лицето до земја. 15  А „Самоил“ го праша Саул: „Зошто ме вознемири повикувајќи ме горе?“+ Тогаш Саул рече: „Во голема неволја сум,+ зашто Филистејците завојуваа со мене, а Бог отстапи од мене+ и повеќе не ми одговара ниту преку пророците ниту преку сонови.+ Затоа те повикав тебе за да ми кажеш што да правам“.+ 16  А „Самоил“ одврати: „Зошто ме прашуваш за совет мене кога Јехова отстапил од тебе+ и ти станал противник?+ 17  Јехова ќе направи така како што ти рече преку мене. Јехова ќе го истргне царството од твојата рака+ и ќе му го даде на твојот ближен Давид.+ 18  Поради тоа што не го послуша Јеховиниот глас+ и не го направи тоа што требаше за да го почувствува Амалик неговиот распламтен гнев,+ Јехова ќе ти направи така денес. 19  Јехова ќе го предаде и Израел заедно со тебе во рацете на Филистејците,+ па утре ти+ и твоите синови+ ќе бидете со мене. И Јехова ќе го предаде израелскиот логор во рацете на Филистејците“.+ 20  Тогаш Саул одеднаш се испружи на земја колку што беше долг, зашто многу се исплаши од зборовите на „Самоил“. Му снема и сила зашто не јадеше ништо цел ден и цела ноќ. 21  Кога му пристапи на Саул, жената виде дека е многу потресен, па му рече: „Еве, твојата слугинка го послуша твојот глас. Ја доведов во опасност својата душа*+ и послушав сѐ што ми рече. 22  А сега, те молам, ти послушај го гласот на својата слугинка. Дозволи ми да ставам пред тебе парче леб, па јади за да ти се врати силата и да можеш да појдеш по својот пат“. 23  Но тој не сакаше, туку рече: „Нема да јадам!“ Но неговите слуги заедно со жената го наговараа, па на крајот го послуша нивниот глас, стана од земјата и седна на постелата. 24  А жената имаше во куќата едно згоено теле.+ Брзо го закла,*+ зеде брашно, замеси тесто и испече бесквасен леб. 25  Сето тоа го стави пред Саул и пред неговите слуги, па јадоа. Потоа станаа и заминаа уште истата ноќ.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Буквално: „Ја ставив својата душа на својата дланка“.
Буквално: „го принесе за жртва“.