1. Самоилова 5:1-12

5  А Филистејците го запленија ковчегот+ на вистинскиот Бог и го однесоа од Евен-Езер во Азот.+  И Филистејците го зедоа ковчегот на вистинскиот Бог, го внесоа во храмот на Дагон и го ставија покрај Дагон.+  Утредента, кога жителите на Азот станаа рано наутро, гледај, Дагон лежеше со лицето на земја пред Јеховиниот ковчег.+ И го зедоа Дагон и го вратија на неговото место.+  А утредента, кога повторно станаа рано наутро, гледај, Дагон лежеше со лицето на земја пред Јеховиниот ковчег, а главата на Дагон и дланките на двете негови раце лежеа отсечени на прагот.+ Му остана само рибиниот дел.*  Затоа свештениците на Дагон и сите што влегуваат во храмот на Дагон до ден-денес не стапнуваат на прагот на Дагон во Азот.  И Јеховината рака+ ги притискаше жителите на Азот. Тој предизвика голем страв меѓу нив и ги удри со мајасил*+ Азот и неговото подрачје.  Кога видоа што се случува, луѓето во Азот рекоа: „Не дозволувајте ковчегот на Израеловиот Бог да остане меѓу нас, зашто неговата рака нѐ притиска и нас и Дагон, нашиот бог!“*+  И упатија повик да се соберат кај нив сите филистејски кнезови-сојузници и ги прашаа: „Што да правиме со ковчегот на Израеловиот Бог?“ А тие одговорија: „Ковчегот на Израеловиот Бог нека го пренесат во Гат!“+ Така го пренесоа таму ковчегот на Израеловиот Бог.  Но кога го пренесоа таму, Јеховината рака+ се спушти врз градот и предизвика многу голем метеж. И тој ги удри жителите на градот, од мало до големо, така што почна да им излегува мајасил.+ 10  Затоа го испратија ковчегот на вистинскиот Бог во Екрон.+ Но, кога ковчегот на вистинскиот Бог стигна во Екрон, Екронците повикаа: „Го донесоа кај нас ковчегот на Израеловиот Бог за да нѐ погубат нас и нашиот народ!“+ 11  Затоа пратија повик да се соберат сите филистејски кнезови-сојузници, па им рекоа: „Вратете го назад ковчегот на Израеловиот Бог, нека се врати на своето место, за да не нѐ погуби нас и нашиот народ!“ Зашто, во целиот град завладеа смртен страв+ и многу беше тешка раката на вистинскиот Бог врз него.+ 12  Луѓето што не загинаа, добија мајасил.+ Лелекот+ на градот се дигаше дури до небото.

Фусноти

Буквално: „само Дагон“. Судејќи по сѐ, идолот на Дагон бил половина човек, а половина риба.
„Со хемороиди“.
Буквално: „богови“. Именката се однесува на Дагон, а со множината се нагласува величието. Види ја фуснотата за Су 16:23.