1. Солуњаните 5:1-28
5 А за времињата и раздобјата,+ браќа, не треба да ви се пишува.
2 Зашто, и самите добро знаете дека Јеховиниот ден+ доаѓа токму како крадец во ноќта.+
3 Кога ќе зборуваат:+ „Мир+ и сигурност!“ — тогаш ненадејно ќе ги снајде уништување+ како како што ја снаоѓаат родилни болки бремена жена,+ и нема да побегнат.+
4 Но вие, браќа, не сте во темнина,+ па тој ден да ве затече како што би затекол крадци,+
5 зашто сите вие сте синови на светлината+ и синови на денот.+ Ние не ѝ припаѓаме ниту на ноќта ниту на темнината.+
6 Затоа, да не спиеме+ како и останатите,+ туку да бдееме+ и да бидеме трезвени.+
7 Зашто, оние што спијат,+ ноќе спијат,+ и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.
8 А ние кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени и на градите да го ставиме оклопот+ на верата+ и љубовта и да го ставиме шлемот+ — надежта во спасението.+
9 Зашто, Бог не нѐ одредил да го искусиме неговиот гнев,+ туку да постигнеме спасение+ преку нашиот Господар* Исус Христос,+
10 кој умре за нас+ за — сеедно дали бдееме или спиеме — да живееме заедно со него.+
11 Затоа, тешете се меѓусебно и изградувајте се еден со друг,+ како што веќе и правите.+
12 Ве молиме, браќа, почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас и предводат+ во делото на Господарот и ве опоменуваат,
13 и нив особено ценете ги со љубов поради нивната работа.+ Бидете во мир еден со друг.+
14 А ве поттикнуваме, браќа, опоменувајте ги оние што живеат неуредно,+ тешете ги потиштените души,+ помагајте им на слабите, бидете долготрпеливи+ со сите.
15 Гледајте никој никому да не му враќа зло за зло,+ туку секогаш настојувајте да правите добро еден на друг и на сите останати.+
16 Радувајте се секогаш.+
17 Молете се непрестајно.+
18 За сѐ благодарете.+ Зашто, тоа е за вас волјата Божја во Христос Исус.
19 Не гаснете го духот.+
20 Не презирајте ги пророштвата.+
21 Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа,+ држете се за она што е добро.+
22 Тргајте се од секакво зло.+
23 Самиот Бог на мирот+ нека ве посвети потполно.+ И, браќа, целиот ваш дух и душа и тело нека бидат зачувани беспрекорни до времето на присутноста* на нашиот Господар Исус Христос.+
24 Верен е оној што ве повикува, и тој и ќе го стори тоа.
25 Браќа, молете се за нас.+
26 Поздравете ги сите браќа со свет бакнеж.+
27 Ве заколнувам во Господарот, ова писмо да им биде прочитано на сите браќа.+
28 Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вас!