1. Тимотеј 2:1-15
2 Затоа, пред сѐ, поттикнувам да се упатуваат барања,* молитви,+ молби* и благодарења за најразлични луѓе,+
2 за цареви+ и за сите што се на власт,+ за да можеме да водиме мирен и тивок живот во потполна оддаденост на Бог и во чесност.+
3 Тоа е добро и прифатливо+ во очите на нашиот Спасител, Бог,+
4 кој сака најразлични луѓе+ да се спасат+ и добро да ја запознаат*+ вистината.+
5 Зашто, еден е Бог+ и еден е посредник+ помеѓу Бог+ и луѓето,+ човекот, Христос Исус,+
6 кој се даде себеси како соодветна откупнина за сите.+ А за тоа ќе се сведочи во свое време.
7 Заради ова сведоштво+ јас сум поставен за проповедник и апостол+ — вистина ви велам,+ не лажам — за учител на незнабошците+ во верата+ и вистината.
8 Затоа сакам мажите да се молат секаде каде што ќе се собирате, кревајќи ги верните раце,+ без гнев+ и расправии.+
9 Исто така, сакам жените да се облекуваат пристојно, а притоа да бидат скромни+ и разборити, да не се украсуваат со плетење на косата и со злато или со бисери, или со многу скапа облека,+
10 туку со добри дела,+ како што им прилега на жени кои велат дека го почитуваат Бог.+
11 Жената нека прима поуки молчешкум, со потполна подложност.+
12 На жената не ѝ дозволувам да поучува,+ ниту да господари над мажот,+ туку нека молчи.
13 Зашто, прво е создаден Адам, а потоа Ева.+
14 И Адам не беше измамен,+ туку жената беше потполно измамена+ и направи престап.+
15 Но жените ќе ги заштити раѓањето+ ако останат во верата, љубовта, посветеноста и разборитоста.+