1. Тимотеј 6:1-21
6 Сите оние што се под јарем, робови, нека ги сметаат своите господари за достојни за секоја чест,+ за никогаш да не се зборува лошо за Божјето име и учење.+
2 А оние чии господари се верници,+ нека не ги почитуваат помалку+ затоа што се браќа.+ Напротив, нека им служат уште подобро, зашто оние што имаат корист од нивната добра служба се верници и сакани браќа.
За ова поучувај+ и на ова поттикнувај!
3 Ако некој поучува поинаку+ и не се согласува со здравите зборови,+ зборови на нашиот Господар Исус Христос, ниту со учењето што е во склад со оддаденоста на Бог,+
4 тој е горд+ и ништо не разбира,+ туку е болен+ од потпрашувања и препирки околу зборови.+ Тоа доведува до завист,+ караници, навредлив говор,+ злонамерни сомнежи,
5 жолчни расправии за ситници, во кои се впуштаат луѓе со расипан ум,+ кои ја немаат вистината+ во себе и ја сметаат оддаденоста на Бог за извор на добивка.+
6 Несомнено, оддаденоста на Бог+ е извор на голема добивка,+ кога човек е задоволен со она што го има.+
7 Зашто, ништо не сме донеле на светов, па не можеме ништо ни да однесеме од него.+
8 Значи, ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни.+
9 А оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение+ и во замка и во многу неразумни и штетни желби,+ кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст.+
10 Зашто, љубовта кон парите+ е корен+ на секакви зла+ и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки.+
11 А ти, човеку Божји, бегај од тоа!+ Стреми се кон праведност, оддаденост на Бог, вера, љубов, истрајност, благост!+
12 Води ја добрата борба на верата,+ освој го вечниот живот на кој си повикан, за кое си дал добро сведоштво+ пред многу сведоци.
13 Ти заповедам+ пред Бог, кој дава живот на сѐ, и пред Христос Исус, кој даде добро сведоштво+ пред Понтиј Пилат:+
14 држи ја таа заповед на чист и беспрекорен начин додека не се појави+ нашиот Господар* Исус Христос.
15 Кога ќе дојде времето+ за да се појави, ќе се покаже среќниот и единствен Владетел,+ Цар+ над царевите и Господар+ над господарите,
16 единствениот кој има бесмртност+ и престојува во непристапната светлина,+ кого никој од луѓето не го видел, ниту може да го види.+ Нему нека му е честа+ и вечната моќ! Амин.
17 На оние што се богати+ во сегашниов свет* заповедај им да не бидат вообразени+ и да не се потпираат* на несигурното богатство,+ туку на Бог, кој богато ни дава сѐ за да уживаме во тоа.+
18 Заповедај им да прават добро,+ да се богатат со добри дела,+ да бидат дарежливи, спремни да го делат со другите она што го имаат.+
19 Со тоа ќе го собираат она богатство+ што е добар темел+ за иднината, за да го освојат вистинскиот живот.+
20 О Тимотеј, чувај го она што ти е доверено+ и избегнувај ги празните разговори, кои го сквернават она што е свето, и противречното таканаречено спознание.+
21 Поради тоа што се расфрлаа со таквото таканаречено спознание, некои отстапија од верата.+
Незаслужената доброта нека биде со вас!