1. Царевите 1:1-53

1  Цар Давид беше стар,+ навлезен во години, и не можеше да се згрее, макар што го покриваа со многу облеки.  Затоа неговите слуги му рекоа: „Нека побараат девојка за царот, нашиот господар, девица,+ која ќе го послужува+ царот и ќе го негува.+ Нека лежи во неговата прегратка,+ па господарот наш, царот, сигурно ќе се згрее“.+  Така тргнаа да бараат убава девојка по целата израелска земја, и на крајот ја најдоа Ависага,+ Сунамката,+ па му ја доведоа на царот.  А девојката беше посебно убава.+ Го негуваше царот и го послужуваше, но царот немаше односи со неа.  Во тоа време Адонија,+ синот на Агита,+ почна да се воздигнува+ и да вели: „Јас ќе бидам цар!“+ И си набави кола со коњаници и педесет луѓе што трчаа пред него како негови стражари.+  А татко му, за да не го повреди, никогаш не го укори и не го праша: „Зошто правиш така?“+ Освен тоа беше и многу убав,+ а мајка му го роди по Авесалом.  Адонија се поврза со Јоав, синот на Серуја, и со свештеникот Авијатар,+ кои му помагаа и му се придружија.+  Но свештеникот Садок+ и Венај,+ синот на Јодај, потоа пророкот Натан,+ како и Симеј,+ Реј и Давидовите јунаци+ не му се придружија на Адонија.+  По некое време Адонија принесе за жртва+ овци и говеда и згоени телиња крај каменот Зоелет, кој беше близу до Ен-Рогел,+ и ги повика сите свои браќа, цареви синови,+ и сите луѓе во Јуда, цареви слуги. 10  Но не го покани пророкот Натан, ниту Венај, ниту Давидовите јунаци, ниту Соломон, својот брат. 11  Тогаш Натан+ ѝ рече на Витсавеа,+ мајката на Соломон:+ „Зар не чу дека Адонија, синот на Агита,+ стана цар, а нашиот господар Давид не знае ништо за тоа? 12  Затоа, те молам, дојди да ти дадам совет+ за да ги избавиш својата душа и душата на Соломон, твојот син.+ 13  Ајде оди кај цар Давид и речи му: ‚Нели ти, господару мој, царе, ѝ се заколна на својата робинка: „Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол“?+ Зошто тогаш Адонија стана цар?‘ 14  И ете, додека ти таму уште разговараш со царот, јас ќе дојдам по тебе и ќе ги потврдам твоите зборови“.+ 15  Така Витсавеа отиде кај царот во неговата спална.+ А царот беше многу стар+ и Сунамката Ависага+ го послужуваше. 16  И Витсавеа длабоко се поклони и падна ничкум+ пред царот, а царот ја праша: „Што сакаш?“+ 17  Тогаш таа му одговори: „Господару мој,+ ти ѝ се заколна на својата робинка во Јехова, својот Бог: ‚Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол‘.+ 18  Но сега, еве, Адонија+ стана цар, а мојот господар, царот, не знае ништо за тоа.+ 19  Тој принесе за жртва мошне многу говеда, згоени телиња и овци, и ги повика сите царски синови,+ свештеникот Авијатар+ и Јоав,+ заповедникот на војската, но твојот слуга Соломон не го викна.+ 20  Кон тебе, господару мој, царе, се свртени очите+ на сите во Израел за да им кажеш кој ќе седи по тебе на престолот на мојот господар, царот.+ 21  Инаку, штом мојот господар, царот, ќе почине кај своите прататковци,+ на мене и на мојот син Соломон ќе гледаат како на престапници“. 22  И ете, додека таа уште разговараше со царот, дојде пророкот Натан.+ 23  И веднаш му јавија на царот: „Пророкот Натан е овде!“ Тој дојде пред царот и падна ничкум пред него, со лицето до земја.+ 24  И Натан рече: „Господару мој, царе, зар ти рече: ‚Адонија ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол‘?+ 25  Зашто, денес тој отиде да принесе за жртва+ мошне многу говеда, згоени телиња и овци, и ги покани сите царски синови, воените заповедници и свештеникот Авијатар.+ И ене ги, јадат и пијат со него и велат: ‚Да живее цар Адонија!‘+ 26  Но не ме покани мене, твојот слуга, ниту свештеникот Садок,+ ниту Венај,+ синот на Јодај, ниту твојот слуга Соломон.+ 27  Ако наредил така мојот господар, царот, тогаш не си го известил+ својот слуга кој е тој што ќе седи по тебе на престолот на мојот господар, царот“. 28  Тогаш цар Давид одговори: „Повикајте ми ја Витсавеа!“+ И таа дојде и застана пред царот. 29  А царот тогаш се заколна:+ „Како што е жив Јехова,+ кој ја избави+ мојата душа+ од сите неволји,+ 30  денес ќе го исполнам она за кое ти се заколнав во Јехова, Богот на Израел, велејќи: ‚Соломон, твојот син, ќе биде цар по мене и тој ќе седи на мојот престол наместо мене!‘ “+ 31  А Витсавеа длабоко се поклони пред царот и падна ничкум, со лицето до земја,+ па рече: „Нека е жив довека+ мојот господар, цар Давид!“ 32  Тогаш цар Давид нареди: „Повикајте ми ги свештеникот Садок,+ пророкот Натан и Венај,+ синот на Јодај!“ И тие дојдоа пред царот. 33  А царот им рече: „Земете ги со себе слугите+ на својот господар, седнете го мојот син Соломон на мојата маска+ и одведете го до Гион.+ 34  Таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помажат+ за цар над Израел. А вие затрубете во рог+ и речете: ‚Да живее цар Соломон!‘+ 35  Потоа искачете се ваму по него, а тој нека дојде и нека седне на мојот престол. Тој ќе царува наместо мене и него ќе го поставам за водач на Израел и на Јуда“. 36  Тогаш Венај, синот на Јодај, му одговори на царот и рече: „Нека биде така!+ Така нека потврди+ Јехова, Богот на мојот господар, царот. 37  Како што Јехова беше со мојот господар, царот,+ така нека биде и со Соломон,+ и нека го возвиши неговиот престол уште повеќе+ отколку престолот на цар Давид, мојот господар“. 38  И така свештеникот Садок,+ пророкот Натан,+ Венај,+ синот на Јодај, Херетејците+ и Фелетејците+ отидоа и го седнаа Соломон на маската на цар Давид+ и го одведоа до Гион.+ 39  Свештеникот Садок го зеде од шаторот+ рогот со маслото+ и го помаза+ Соломон. Потоа затрубија во рог, а сиот народ извика: „Да живее цар Соломон!“+ 40  И сиот народ тргна по него. Народот свиреше на шупелки+ и многу се веселеше,+ така што земјата+ се тресеше од викањето. 41  А Адонија и сите поканети што беа со него го чуја тоа токму кога завршуваа со јадењето.+ И штом Јоав го чу звукот на рогот, праша: „Какво е тоа викање и вревење во градот?“+ 42  Додека тој уште зборуваше, ете, дојде Јонатан,+ синот на свештеникот Авијатар. И Адонија рече: „Дојди, зашто си чесен човек и носиш добра вест!“+ 43  Но Јонатан му одговори на Адонија: „Не носам! Нашиот господар, цар Давид, го постави Соломон за цар!+ 44  Царот ги испрати со него свештеникот Садок, пророкот Натан, Венај, синот на Јодај, Херетејците и Фелетејците, и тие го седнаа на царевата маска.+ 45  Свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа за цар+ кај Гион, а потоа сите отидоа оттаму веселејќи се, и сиот град е во мешаница. Тоа е вревата што ја чувте.+ 46  Соломон веќе седна на царскиот престол.+ 47  А и царските слуги дојдоа да му посакаат добро на нашиот господар, цар Давид, велејќи: ‚Твојот Бог нека го прослави името на Соломон повеќе отколку твоето име и нека го возвиши неговиот престол повеќе отколку твојот престол!‘+ Царот тогаш се поклони на својата постела.+ 48  И царот уште рече вака: ‚Нека е благословен+ Јехова, Богот на Израел, кој ми даде денес да видам со свои очи кој ќе седи на мојот престол!‘ “+ 49  Тогаш сите поканети што беа со Адонија затреперија од страв, па станаа и си отидоа секој по својот пат.+ 50  Адонија се уплаши од Соломон. Затоа стана и отиде, па се фати за роговите на жртвеникот.+ 51  Тогаш му јавија на Соломон: „Ете, Адонија се уплаши од цар Соломон, па, ене, се држи за роговите на жртвеникот, велејќи: ‚Прво нека ми се заколне цар Соломон дека нема да го погуби со меч својот слуга!‘ “ 52  А Соломон рече: „Ако се покаже како чесен човек, ни влакно од главата+ нема да му падне на земја. Но, ако се најде зло во него,+ ќе загине“.+ 53  Тогаш цар Соломон ги испрати своите слуги да го одведат откај жртвеникот. И тој дојде, па му се поклони на цар Соломон, а Соломон му рече: „Оди си во својот дом!“+

Фусноти