2. Коринќаните 1:1-24

1  Од Павле, апостол+ на Христос Исус по Божја волја, и Тимотеј,+ нашиот брат, до Божјето собрание* во Коринт, заедно со сите свети+ кои се во цела Ахаја:*+  Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!  Нека е благословен Богот и Таткото+ на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на милосрдноста+ и Богот на секоја утеха,+  кој нѐ теши во секоја наша неволја,+ за да можеме да ги тешиме+ оние што се во каква и да било неволја, со истата утеха со која Бог нѐ теши нас самите.+  Зашто, како што многу страдаме за Христос+ така преку Христос добиваме и многу утеха.+  Ако поднесуваме неволји, тоа е за ваша утеха и спасение.+ Ако добиваме утеха, тоа е за ваша утеха, која ви помага трпеливо да ги поднесувате истите страдања што ги трпиме и ние.+  И цврста е надежта што ја негуваме во врска со вас, знаејќи дека, како што ги делите страдањата со другите, исто така ќе ја делите и утехата.+  Зашто, не сакаме, браќа, да не знаете за неволјата што ни се случи во Азија,*+ кога бевме под силен притисок, кој ја надминуваше нашата сила, така што мислевме дека нема да преживееме.+  Всушност, мислевме дека нѐ чека смртна пресуда. Тоа се случи за да не се потпираме на себе,+ туку на Бог, кој ги воскреснува мртвите.+ 10  Тој нѐ избави од смртната опасност и ќе нѐ избавува.+ На него се надеваме дека и понатаму ќе нѐ избавува.+ 11  А и вие можете да помогнете сесрдно молејќи се за нас,+ зашто така мнозина ќе му благодарат на Бог+ за нас поради милоста што ни е покажана благодарение на многуте молитви.+ 12  Зашто, се фалиме со ова за кое сведочи и нашата совест:+ во светот, а особено меѓу вас, живеевме во светост и искреност на која нѐ учи Бог и не се потпиравме на телесната мудрост,+ туку на Божјата незаслужена доброта. 13  Зашто, не ви пишуваме ништо друго, освен она што добро го знаете и го прифаќате, а се надевам дека тоа ќе го прифаќате до крајот,+ 14  како што прифативте еден дел од него, имено дека ние сме причината за да се фалите,+ како што и вие ќе бидете причина ние да се фалиме во денот на нашиот Господар Исус.+ 15  Со тоа уверување уште порано имав намера да дојдам кај вас,+ за да ви се даде и друга можност+ да се радувате. 16  Имав намера да навратам кај вас на патот за Македонија,*+ а потоа, на враќање од Македонија, да се вратам кај вас+ за да ме испратите+ кога ќе појдам во Јудеја. 17  И зарем бев лекомислен кога имав таква намера?+ Или, она што имам намера да го направам е според телото,+ па велам: „Да, секако“, а потоа: „Не, никако“?+ 18  Како што сме сигурни во Бог, така е сигурно дека она што ви го зборувавме не е во исто време и „да“ и „не“. 19  Зашто, Синот Божји,+ Христос Исус, кого ние ви го проповедавме — јас и Силван и Тимотеј+ — не беше „да“ и истовремено „не“, туку „да“ преку него стана „да“.+ 20  Зашто, колку и да има Божји ветувања,+ преку него станаа „да“.+ Затоа преку него и се вели „амин“*+ за слава на Бог преку нас. 21  А оној кој гарантира дека и ние заедно со вас му припаѓаме на Христос и кој нѐ помаза,+ е Бог. 22  Тој го стави својот печат+ на нас и во срцата ни даде дух+ како гаранција+ за она што ќе дојде. 23  А јас го повикувам Бог за сведок+ и гарантирам со мојата душа дека повеќе не доаѓав во Коринт само за да ве поштедам.+ 24  Не велам дека ние сме господари+ на вашата вера, туку дека сме ваши соработници+ за да бидете радосни, бидејќи со вашата вера+ стоите.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.