2. Коринќаните 11:1-33
11 Кога барем би поднесле малку од мојата неразумност.+ Всушност, веќе и ме поднесувате.
2 Зашто, со ревност се грижам за вас како што го прави тоа Бог,*+ бидејќи ве ветив+ за брак на еден маж,+ Христос, за да ве доведам пред него како чиста+ девица.+
3 Но се плашам — како што змијата ја заведе Ева+ со своето лукавство — да не се расипат вашите мисли+ и да се одвратат од искреноста и чистотата, кои му ги должите на Христос.+
4 Зашто, ако некој дојде и проповеда поинаков Исус од оној кого ние го проповедавме+ или ако примите поинаков дух од оној што го примивте+ или поинаква добра вест+ од онаа што ја прифативте, вие сте спремни да го поднесувате таквиот.+
5 Сметам, всушност, дека во ништо не заостанувам+ зад вашите надапостоли.+
6 Зашто, и да сум невешт во говорот,+ не сум во знаењето.+ Напротив, тоа ви го покажавме на секој начин и во сѐ.+
7 Или сум направил грев затоа што — понижувајќи се себеси+ за да се возвишите вие — со задоволство+ ви ја објавив Божјата добра вест без никаква наплата?
8 Други собранија ги ограбив примајќи поддршка од нив за да можам вам да ви служам.+
9 А кога бев кај вас и западнав во немаштија, никому не му бев на товар,+ бидејќи браќата што дојдоа од Македонија+ великодушно ги задоволија моите потреби. Да, внимавав на сѐ, а и понатаму ќе внимавам да не ви бидам на товар.+
10 Сѐ додека Христовата вистина+ е во мене, нема ништо да ме спречи да се фалам+ со тоа во ахајските краишта.
11 Зошто постапив така? Зарем затоа што не ве сакам? Бог знае дека ве сакам.+
12 А тоа што го правам, ќе го правам и понатаму,+ да им го одземам изговорот на оние што бараат изговор за да се фалат дека во службата се еднакви со нас.
13 Зашто, таквите луѓе се лажни апостоли, кои ги мамат другите+ и се преправаат дека се Христови апостоли.+
14 А не е ни чудо, зашто и самиот Сатана се преправа дека е ангел на светлината.+
15 Затоа не е ништо необично ако и неговите слуги+ се преправаат дека се слуги на праведноста. Но крајот ќе им биде според нивните дела.+
16 Пак велам: никој нека не ме смета за неразумен. Но дури и ако ме сметате за таков, прифатете ме макар и како неразумен, за и јас малку да се пофалам.+
17 Она што го зборувам, не го зборувам како што би зборувал Господарот,* туку како во неразумност, во ова самоуверено фалење.+
18 Бидејќи мнозина се фалат со она што е човечко,+ и јас ќе се фалам.
19 Зашто, со задоволство ги поднесувате неразумните — вие кои сте разумни.
20 Всушност, го поднесувате секој кој ве заробува,+ секој кој го проголтува она што го имате, секој кој го одзема она што го имате, секој кој се воздигнува над вас, секој кој ве удира по лице.+
21 Ова го велам на наш срам, бидејќи некои мислат дека бевме слаби.
Но, ако некој е смел во нешто — зборувам како неразумен човек+ — и јас сум смел во тоа.
22 Евреи ли се? И јас сум.+ Израелци ли се? И јас сум. Авраамово потомство ли се? И јас сум.+
23 Христови слуги ли се? Одговарам како лудак: јас сум тоа уште повеќе+ — повеќе се напрегав,+ повеќепати бев во затвори,+ добивав удари преку секоја мера, често бев во смртна опасност.+
24 Од Евреите петпати добив по триесет и девет удари,*+
25 трипати бев претепан,+ еднаш каменуван,+ трипати доживеав бродолом,+ цела ноќ и цел ден поминав во длабокото море.
26 Често патував, бев во опасност од реки, во опасност од разбојници,+ во опасност од сонародници,+ во опасност од незнабошци,+ во опасност во градот,+ во опасност во пустината, во опасност на море, во опасност меѓу лажни браќа,
27 во тешка и напорна работа, во многубројни непреспиени ноќи,+ во глад и жед,+ често се воздржував од храна,+ бев во студ и голотија.
28 А како врв на сите тие надворешни неволји, секој ден ме притиска и грижата за сите собранија.+
29 Кој е слаб,+ а јас да не сум слаб? Кој се спрепнал во верата,* а јас да не горам од гнев?
30 Ако треба да се фалам, ќе се фалам+ со она што е поврзано со мојата слабост.
31 Богот и Таткото на Господарот Исус, оној кого треба да го фалиме во сета вечност, знае дека не лажам.
32 Во Дамаск намесникот на цар Арета го чуваше под стража градот на Дамашаните со цел да ме фати,+
33 но во плетен кош ме спуштија низ прозорец во ѕидот,+ па побегнав од неговите раце.
Фусноти
^ Или: „Зашто, од љубомора горам за вас, од Божја љубомора“.
^ Види го додатокот 11.
^ Или: „четириесет удари без еден“.
^ Или: „е наведен да се спрепне“.