2. Коринќаните 13:1-14

13  Ова е третпат како доаѓам кај вас.+ „Секое тврдење нека биде потврдено со изјавата на двајца или тројца сведоци.“+  Иако не сум со вас, прифатете ги моите зборови како да сум по втор пат со вас. Значи, како што ги предупредив порано, така и сега ги предупредувам оние што порано згрешиле, како и сите останати, дека ако дојдам повторно, никого нема да штедам,+  зашто вие барате доказ дека во мене зборува Христос,+ кој спрема вас не е слаб, туку е моќен меѓу вас.  Вистина, беше прикован на столб+ поради слабоста,+ но е жив поради Божјата сила.+ И ние, навистина, сме слаби како што беше и тој, но ќе живееме со него+ поради Божјата сила+ која дејствува врз вас.  Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе.+ Зарем не сфаќате дека Исус Христос е во единство со вас?+ Би требало да сфатите, освен ако не сте отфрлени.  Навистина се надевам дека ќе спознаете дека ние не сме отфрлени.  Му се молиме на Бог+ да не направите никакво зло, не за да бидеме ние прифатени, туку за вие да правите добро, па макар и да сме отфрлени.  И така, ништо не можеме да сториме против вистината, туку само за вистината.+  Да, се радуваме секогаш кога ние сме слаби, а вие јаки.+ За тоа и се молиме+ — да се поправате. 10  Затоа и ви го пишувам ова додека сум отсутен, за да не мора да настапам строго кога ќе бидам присутен,+ зашто овластувањата што ми ги даде Господарот* треба да служат за изградување,+ а не за уривање. 11  На крајот, браќа, радувајте се, исправајте се, примајте утеха,+ еднакво размислувајте,+ живејте во мир,+ па Богот на љубовта и на мирот+ ќе биде со вас! 12  Поздравете се еден со друг со свет бакнеж!+ 13  Ве поздравуваат сите свети. 14  Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос и Божјата љубов и заедништвото во светиот дух нека бидат со сите вас!+

Фусноти

Види го додатокот 11.