2. Коринќаните 3:1-18

3  Почнуваме ли пак да се препорачуваме самите себе?+ Или можеби, како на некои, ни требаат писма+ со препораки за вас или од вас?  Вие сте нашето писмо,+ напишано на нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.+  Зашто, очигледно е дека вие сте Христово писмо кое го напишавме ние со својата служба+ и кое не е напишано со мастило, туку со духот+ на живиот Бог, не на камени плочи,+ туку на плочи од месо, на срцата.+  Таква доверба имаме во Бог преку Христос.+  Не сметаме дека сами од себе сме способни да направиме нешто,+ туку нашата способност доаѓа од Бог,+  кој нѐ оспособи да бидеме слуги на новиот сојуз,+ не на пишаниот закон,+ туку на духот.+ Имено, пишаниот закон осудува+ на смрт, а духот оживува.+  Ако законот, кој носи смрт+ и чии букви беа врежани во камен,+ дојде во слава,+ така што Израеловите синови не можеа да го погледнат Мојсеевото лице поради славата што му беше на лицето,+ која требаше да исчезне,  тогаш зарем давањето на духот+ нема да биде уште пославно?+  Зашто, ако беше славен+ законот кој донесува осуда,+ многу е пославно+ давањето на праведноста.+ 10  Така и она што еднаш беше прославено, сега е лишено од слава+ кога ќе се спореди со она што ја има повозвишената слава.+ 11  Зашто, ако она што требаше да биде укинато дојде со слава,+ она што останува ќе биде уште пославно.+ 12  И така, имајќи ваква надеж,+ зборуваме со голема слобода, 13  а не сме како Мојсеј, кој со превез го покриваше лицето+ за Израеловите синови да не го видат завршетокот*+ на она што требаше да биде укинато. 14  Зашто, нивнот ум затапе.+ И до ден-денес истиот тој превез стои неподигнат кога се чита стариот сојуз,+ бидејќи се отстранува само преку Христос.+ 15  И така сѐ до денес, кога и да се читаат Мојсеевите списи,+ превезот го покрива нивното срце.+ 16  Но кога некој ќе му се обрати на Јехова, превезот се отстранува.+ 17  А Јехова е Дух,+ а каде што е Јеховиниот+ дух,+ таму е слободата.+ 18  И додека со откриени лица како огледала ја одразуваме Јеховината слава,+ сите ние+ се преобразуваме+ во истиот лик,+ одразувајќи сѐ поголема слава,+ онака како што нѐ преобразува Јехова,+ Духот.

Фусноти

Или: „каков ќе биде исходот“.