2. Летописи 17:1-19

17  На негово место почна да владее неговиот син Јосафат,+ и ја зајакна својата власт над Израел.  Ја размести војската по сите утврдени градови на Јуда и остави чети по земјата на Јуда и по градовите на Ефрем, кои ги освои неговиот татко Аса.+  И Јехова беше со Јосафат+ затоа што одеше по патот по кој пред него одеше Давид, неговиот прататко,+ и не ги бараше Вааловците.+  Го бараше+ Богот на својот татко и живееше* според неговите заповеди,+ и не постапуваше како синовите на Израел.+  Затоа Јехова го утврди царството во неговата рака.+ И целиот народ на Јуда му донесуваше дарови+ на Јосафат, па тој стекна големо богатство и слава.+  Решително се држеше за Јеховините патишта+ и ги отстрани од Јуда обредните височинки+ и обредните диреци.*+  Во третата година од своето царување, ги повика своите кнезови Вен-Хаил, Авдија, Захарија, Нетанел и Михаија и ги испрати да поучуваат во градовите на Јуда.  Со нив отидоа левитите Семаја, Нетанија, Зевадија, Асаил, Семирамот, Јонатан, Адонија, Товија и Тов-Адонија, како и свештениците Елисама и Јорам.+  Тие поучуваа+ во Јуда, носејќи ја со себе книгата на Јеховиниот закон.+ Ги обиколуваа сите градови на Јуда и го поучуваа народот. 10  Стравот+ од Јехова ги обзеде царствата на сите земји околу Јуда, така што не се осмелуваа да војуваат со Јосафат.+ 11  Некои Филистејци му донесуваа дарови+ на Јосафат и му плаќаа данок,+ а Арапите+ му дотеруваа ситна стока: по седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.+ 12  И Јосафат напредуваше сѐ повеќе додека не стана многу голем.+ Во Јуда изгради тврдини+ и градови што служеа како складишта.+ 13  Изведе обемни работи во градовите на Јуда. Во Ерусалим имаше воини,+ храбри јунаци.+ 14  Ова се нивните служби по нивните родови: илјаданачалниците од племето на Јуда беа: војсководецот Аднај и со него триста илјади храбри јунаци;+ 15  под негово заповедништво беше заповедникот Јоанан и со него двесте и осумдесет илјади луѓе; 16  под негово заповедништво беше Амасија, синот на Зихриј, кој доброволно+ се стави во службата на Јехова, и со него двесте илјади храбри јунаци. 17  Од племето на Венијамин:+ храбриот јунак Елијад и со него двесте илјади луѓе вооружени со лак и штит;+ 18  под негово заповедништво беше Јозавад и со него сто и осумдесет илјади луѓе опремени за борба. 19  Тие му служеа на царот, покрај оние што царот ги распореди во утврдените градови+ по целата земја на Јуда.

Фусноти

Буквално: „одеше“.
Или: „ашерите“.