2. Летописи 2:1-18

2  Соломон издаде заповед да се изгради дом+ за името на Јехова+ и царски дворец за него самиот.+  И Соломон одреди седумдесет илјади луѓе за носачи, осумдесет илјади луѓе за каменоделци во планината+ и три илјади и шестотини надгледници над нив.+  Потоа Соломон му порача на Хирам,+ тирскиот цар: „На мојот татко Давид+ ти му праќаше кедрово дрво за да си изгради дворец за живеење.  Еве, имам намера да му изградам+ дом на името+ на Јехова, својот Бог, и да го посветам+ за него за да се пали мирислив темјан+ пред неговото лице, редовно да се поставуваат наредени лебови+ и да се принесуваат жртви паленици наутро и навечер,+ на деновите за одмор,*+ на млади месечини+ и на празниците+ на Јехова, нашиот Бог. Тоа нека се прави во Израел довека.+  Домот што ќе го градам ќе биде голем,+ зашто нашиот Бог е поголем од сите други богови.+  Кој може да му изгради дом+ кога не можат да го соберат ни небесата, ни небото над небесата?+ Кој сум јас+ да му изградам дом — освен да биде тоа место каде што приносите ќе бидат горени пред неговото лице?+  Затоа сега, испрати ми вешт човек, кој знае да работи со злато, сребро, бакар,+ железо, црвеникаво-виолетова волна, пурпур и со сина преѓа, а и знае да резбари. Тој ќе работи заедно со вештите луѓе што се кај мене во Јуда и во Ерусалим, кои ги избра мојот татко Давид.+  Испрати ми од Ливан+ кедрово,+ смреково+ и алгумово дрво,+ зашто знам дека твоите слуги вешто сечат ливански дрвја,+ а моите слуги ќе работат со твоите слуги.  Ќе мора да ми бидат подготвени многу дрва, зашто домот што имам намера да го градам ќе биде исклучително голем. 10  Еве, на твоите слуги, дрвари што ќе ги сечат стеблата, ќе им дадам за храна дваесет илјади кора пченица,+ дваесет илјади кора јачмен, дваесет илјади бата вино+ и дваесет илјади бата масло“. 11  Тогаш Хирам, тирскиот цар,+ му го прати на Соломон следниов писмен одговор: „Поради тоа што го сака својот народ,+ Јехова те поставил за цар над него“.+ 12  Хирам уште рече: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој ги создаде небото и земјата,+ зашто му дал на цар Давид мудар син, надарен со разборитост и разум,*+ кој ќе изгради дом за Јехова и царски дворец за себе.+ 13  Затоа сега ти го праќам Хирам-Ави,+ човек вешт и разумен, 14  син на една жена од племето на Дан, а од татко Тирец. Тој знае да работи со злато, сребро, бакар,+ железо, камен,+ дрво, црвеникаво-виолетова волна,+ сина преѓа,+ фино+ платно, пурпур,+ знае да резбари+ најразновидни резби и да прави планови+ за сѐ што ќе му биде доверено да прави. Тој ќе работи со твоите вешти луѓе и со луѓето на мојот господар Давид, твојот татко. 15  Сега мојот господар нека им испрати на своите слуги пченица, јачмен, масло и вино, како што вети.+ 16  А ние ќе насечеме дрва+ на Ливан, толку колку што треба,+ и ќе ти ги донесеме на сплавови по морето+ до Јопа,+ па ти тогаш пренеси ги во Ерусалим“. 17  Соломон ги преброи сите дојденци што беа во земјата на Израел+ по пописот што го беше направил неговиот татко Давид,+ и ги имаше сто педесет и три илјади и шестотини. 18  И од нив одреди седумдесет илјади луѓе за носачи,+ осумдесет илјади за каменоделци+ во планината и три илјади и шестотини за надгледници, кои ќе ги надгледуваат луѓето при службата.+

Фусноти

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Види ја фуснотата за Из 3:5.