2. Летописи 23:1-21

23  А во седмата година Јодај+ се охрабри и склучи сојуз со стотниците+ Азарија, синот на Јероам, Исмаел, синот на Јоанан, Азарија, синот на Овид, Маасија, синот на Адаија, и Елисафат, синот на Зихриј.  Тие почнаа да го обиколуваат Јуда и да ги собираат синовите на Леви+ од сите градови на Јуда и поглаварите+ на родови+ во Израел. И дојдоа во Ерусалим.  Потоа целата заедница склучи сојуз+ со царот во домот+ на вистинскиот Бог. А Јодај им рече: „Еве, царевиот син+ ќе владее,+ како што вети Јехова за синовите на Давид.+  Ќе направите вака: една третина од вас кои доаѓаат во сабота,*+ и од свештениците+ и од левитите,+ ќе служат како вратари,+  една третина ќе бидат во царскиот дворец,+ а една третина кај Портата на темелот.+ Сиот народ ќе биде во дворовите+ на Јеховиниот дом.  Никој нека не влегува во Јеховиниот дом,+ освен свештениците и левитите што се во служба.+ Тие смеат да влезат, зашто се посветени,+ а сиот народ нека ги изврши своите должности кон Јехова.  Левитите нека го опколат царот,+ секој со оружјето в рака, и оној што ќе се обиде да влезе во храмот, нека биде погубен. Бидете со царот каде и да појде!“  Левитите и сиот народ на Јуда направија сѐ како што им заповеда+ свештеникот Јодај.+ Секој од нив ги зеде своите луѓе, чија служба им започнуваше во сабота и оние на кои им завршуваше во сабота,+ зашто свештеникот Јодај не ги ослободи од службата нивните групи.+  Свештеникот Јодај им ги даде на стотниците+ копјата, штитовите и тркалезните штитови+ на цар Давид,+ кои беа во домот на вистинскиот Бог.+ 10  И постави луѓе,+ секој со копје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, кај жртвеникот и кај домот, така што го опколија царот. 11  Тогаш го изведоа царскиот син,+ му ставија круна,*+ го положија на него Сведоштвото+ и го поставија за цар. Тогаш Јодај и неговите синови го помазаа+ и извикаа: „Да живее царот!“+ 12  А кога чу како луѓето трчаат и го фалат царот,+ Готолија побрза кај народот во Јеховиниот дом. 13  Таму го здогледа царот како стои кај својот столб+ на влезот, и покрај царот кнезовите+ и трубачите,+ а сиот народ* се веселеше+ и трубеше+ во труби. Таму беа и пејачите+ со инструментите и оние што предводеа во пеењето на фалбени песни. Тогаш Готолија си ја раскина облеката и викна: „Заговор! Заговор!“+ 14  А свештеникот Јодај ги испрати стотниците, кои заповедаа со војската, и им рече: „Изведете ја од своите редови+ и секој што ќе појде по неа да биде погубен со меч!“ Зашто, свештеникот беше наредил: „Не погубувајте ја во Јеховиниот дом!“ 15  Тие ја фатија и, кога ја доведоа до влезот за коњи кај царскиот дворец, таму ја погубија.+ 16  Тогаш Јодај склучи сојуз со целиот народ и со царот дека ќе бидат Јеховин народ.+ 17  Потоа целиот народ отиде во храмот на Ваал и го разурна.+ Ги искрши неговите жртвеници и неговите ликови,+ а Матан,+ свештеникот на Ваал, го погуби+ пред жртвениците. 18  Потоа Јодај им ја довери службата во Јеховиниот дом на свештениците и на левитите, кои Давид+ ги раздели на групи за служба во Јеховиниот дом, за да му принесуваат на Јехова жртви паленици, како што е запишано во Мојсеевиот закон,+ весело и со песна, според Давидовите упатства. 19  На портите+ од Јеховиниот дом постави вратари+ за да не може да влезе никој што е нечист од која и да било причина. 20  Потоа ги собра стотниците,+ достоинствениците, народните кнезови и целиот народ, па го изведе царот од Јеховиниот дом.+ И влегоа низ горната порта во царскиот дворец и го седнаа царот на царскиот престол.+ 21  Сиот народ се радуваше+ и градот беше во мир, а Готолија ја погубија со меч.+

Фусноти

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „дијадема“.
„Народ“ (и во 20. и 21. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).