2. Летописи 26:1-23
26 Тогаш целиот народ+ на Јуда го зеде Озија,+ кој имаше шеснаесет години, и го постави за цар+ наместо неговиот татко Амазија.+
2 Тој повторно го изгради Елот+ и му го врати на Јуда откако царот почина кај своите прататковци.+
3 Озија+ имаше шеснаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија+ и беше од Ерусалим.
4 Го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Амазија, неговиот татко.+
5 Непрестајно го бараше+ Бог додека беше жив Захарија, кој го учеше на страв од Бог.+ Сѐ додека го бараше вистинскиот Бог, Јехова, тој го благословуваше.+
6 Тргна во војна против Филистејците+ и ги разурна ѕидиштата на Гат,+ ѕидиштата на Јавна+ и ѕидиштата на Азот,+ а потоа изгради градови на подрачјето на Азот+ и по останатиот филистејски крај.
7 Вистинскиот Бог му помагаше+ против Филистејците и против Арабјаните,+ кои живееја во Гур-Ваал, и против Меунимите.+
8 Амонците+ му плаќаа данок+ на Озија, а гласот за него+ се рашири дури до Египет, зашто стана многу моќен.
9 Озија изгради кули+ во Ерусалим кај Аголната Порта,+ кај Долинската Порта+ и кај Потпората,* и ги утврди.
10 Изгради кули+ и во пустината и ископа многу бунари,* зашто имаше многу стока, а истото го направи и во Шефела+ и на висорамнината. Имаше земјоделци и лозари во планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.
11 Озија имаше и војска која одеше во војна, војници кои во чети одеа во походи,+ како што ги избројаа и ги попишаа+ писарот+ Јејел и управителот Маасија под заповедништво+ на Ананија, еден од царските кнезови.+
12 Вкупниот број на родовски поглавари,+ храбри+ јунаци,+ изнесуваше две илјади и шестотини.
13 Под нивно заповедништво беше војска од триста и седум илјади и петстотини луѓе, кои одеа во војна како моќна воена сила за да му помагаат на царот во борбата против непријателот.+
14 Озија набави за целата војска штитови,+ копја,+ шлемови,+ оклопи,+ лакови+ и камења за праќи.+
15 Во Ерусалим направи воени справи, кои му ги измислија вешти мајстори, за оптегнување на стрели и за фрлање на големи камења од кулите+ и од аглите на ѕидиштата. И така гласот за него+ се разнесе надалеку, поради чудесната помош што ја добиваше сѐ додека не стана моќен.
16 Но кога стана моќен, срцето толку му се возгордеа+ што самиот себеси си направи зло.+ Му стана неверен на Јехова, својот Бог, и влезе во храмот на Јехова за да запали темјан на кадилниот жртвеник.+
17 По него веднаш влезе свештеникот Азарија, а со него и осумдесет Јеховини свештеници, храбри луѓе.
18 Тие му се спротивставија на цар+ Озија и му рекоа: „Озија, не смееш+ ти да му палиш темјан на Јехова, туку свештениците, синови на Арон,+ кои се посветени, тие треба да палат темјан! Излези од светињата! Постапи неверно, и тоа не ти служи на чест+ пред Јехова Бог“.
19 Тогаш Озија се разгневи+ држејќи ја во раката кадилницата за палење темјан.+ Но додека се гневеше на свештениците, одеднаш му се појави лепра+ на челото пред свештениците во Јеховиниот дом, покрај кадилниот жртвеник.
20 Кога Азарија, свештеничкиот главатар, и сите други свештеници го погледнаа, гледај, на челото имаше лепра!+ Тогаш брзо го изнесоа оттаму, а и самиот брзаше да излезе, зашто Јехова го удри.+
21 Цар Озија+ остана лепрозен до својата смрт и живееше во својата куќа зашто, поради лепрата, му беа одземени должностите.+ Беше отстранет од Јеховиниот дом, а неговиот син Јотам управуваше со царскиот дворец и му судеше на народот.*
22 Останатата историја на Озија,+ од почетокот до крајот, ја запиша пророкот Исаија,+ синот на Амос.+
23 На крајот Озија почина со своите прататковци и го погребаа со неговите прататковци, но во полето надвор од царските гробишта,+ зашто рекоа: „Лепрозен е“. А на негово место почна да владее неговиот син Јотам.+
Фусноти
^ Или: „Спојот на ѕидовите; Аголот“.
^ Или: „резервоари“.
^ Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).