2. Летописи 27:1-9

27  Јотам+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Еруса,+ а му беше ќерка на Садок.  Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Озија, неговиот татко,+ само што не влезе во Јеховиниот храм.+ Но народот и понатаму правеше зло.+  Јотам ја изгради горната порта+ на Јеховиниот дом и изведе многу градежни работи на ѕидиштата на Офел.+  Изгради и градови+ во планинскиот крај на Јуда,+ а во шумите+ изгради тврдини+ и кули.+  Војуваше со царот на Амоновите синови+ и ги надвладеа, така што синовите на Амон во таа година му дадоа сто таланти* сребро, десет илјади кора*+ пченица+ и десет илјади кора јачмен.+ Синовите на Амон му платија исто толку и во втората и во третата година.+  Така Јотам стануваше сѐ посилен, зашто го правеше она што е исправно пред Јехова, својот Бог.+  Останата историја на Јотам,+ сите негови војни и сѐ што правеше е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда.  Имаше дваесет и пет години кога почна да владее и владееше шеснаесет години во Ерусалим.+  На крајот Јотам почина кај своите прататковци+ и го погребаа во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Ахаз.+

Фусноти

Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.