2. Летописи 3:1-17
3 И така, Соломон почна да го гради Јеховиниот дом+ во Ерусалим, на ридот Морија,+ каде што Јехова му се појави на неговиот татко Давид,+ на местото што го подготви Давид, на гумното на Орнан+ Евусеецот.
2 Почна да го гради на вториот ден од вториот месец, во четвртата година од своето царување.+
3 Темелите што Соломон ги положи за изградба на домот на вистинскиот Бог беа долги шеесет лакти, по старата мера на лакотот,* а широки дваесет лакти.+
4 Предворјето+ од предната страна на домот беше долго дваесет лакти, колку што беше широк домот, а високо сто и дваесет. Однатре го обложи со чисто злато.
5 Великиот дом*+ го обложи со смрековина, го прекри со чисто злато,+ па направи украси во облик на палми,+ како и синџири.+
6 Потоа го обложи домот со скапоцен камен и така го украси.+ Златото+ беше од земјата на златото.
7 Така го обложи домот со злато:+ таванските греди, праговите, ѕидовите и вратите. На ѕидовите изрезбари украси во облик на херувими.*+
8 Ја направи и Светињата над светињите.+ Таа беше долга дваесет лакти, колку што беше широк домот, и широка дваесет лакти.+ Ја обложи со шестотини таланти чисто злато.
9 Златото за клинците+ тежеше педесет сикли.* И горните соби ги обложи со злато.
10 Во внатрешноста на Светињата над светињите направи два херувима,+ вајарско дело, и ги обложи со злато.+
11 Крилјата на тие херувими+ беа долги дваесет лакти. Едното крило, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на другиот херувим.+
12 Така и едното крило на вториот херувим, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на првиот херувим.+
13 Раширените крилја на тие херувими имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја на нозе, со лицата свртени кон внатрешноста на домот.
14 Направи и завеса+ од сина преѓа,+ од црвеникаво-виолетова волна, од пурпур и од фино платно, и на неа извезе херувими.+
15 Пред домот направи два столба+ долги триесет и пет лакти, а на секој од нив имаше глава*+ од пет лакти.
16 Потоа направи синџирчиња+ изработени како ѓердан и ги стави на врвот од столбовите. Направи и сто калинки+ и ги обеси на синџирчињата.
17 Столбовите ги постави пред храмот, едниот од десната, а другиот од левата страна. Десниот* го нарече Јахин,* а левиот* Воас.*+
Фусноти
^ „Старата мера на лакотот“ е веројатно иста со долгиот лакот, кој имал 51,8 сантиметри. Види ја фуснотата за Езе 40:5 и додатокот 13.
^ „Великиот дом“ веројатно се однесува на Светињата.
^ Херувими се ангели на висока положба.
^ Види го додатокот 13.
^ Или: „капител“.
^ Или: „јужниот“, односно десен за набљудувачот што е свртен кон исток.
^ „Јахин“ значи „тој ќе втемели“.
^ Или: „северниот“, односно лев за набљудувачот што е свртен кон исток.
^ „Воас“ веројатно значи „цврстина; во сила“. По сѐ изгледа дека имињата на двата столба се читале заедно, оддесно налево.