2. Летописи 7:1-22

7  Кога Соломон ја заврши молитвата,+ оган слезе од небото+ и ги изгоре жртвата паленица+ и другите жртви, а Јеховината слава+ го исполни домот.  И свештениците не можеа да влезат во Јеховиниот дом+ затоа што Јеховината слава го исполни Јеховиниот дом.  Кога видоа како огнот и Јеховината слава се спуштаат на домот, сите синови на Израел се поклонија+ и паднаа ничкум+ на плочникот, со лицето до земја, и му благодареа на Јехова „зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека“.+  Тогаш царот и сиот народ принесоа жртви пред Јехова.+  Цар Соломон принесе за жртва дваесет и две илјади говеда и сто и дваесет илјади овци.+ Така царот и сиот народ свечено го отворија+ домот на вистинскиот Бог.  Свештениците+ стоеја на своите места, а левитите+ ги имаа инструментите, кои ги направи цар Давид+ за да го фалат Јехова и во чија придружба пееја во чест на Јехова,+ „зашто неговата милост* трае довека“. Така преку нивната служба Давид упатуваше фалби. А пред нив свештениците гласно трубеа во трубите,+ додека сите Израелци стоеја.  Тогаш Соломон го посвети+ средниот дел на дворот што е пред Јеховиниот дом, бидејќи таму ги принесуваше жртвите паленици+ и мрсните делови од жртвите на заедништвото, зашто на бакарниот жртвеник,+ кој го направи Соломон, не ги собираше сите жртви паленици, житни жртви+ и мрсни делови.+  И во тоа време Соломон го славеше празникот+ седум дена, а со него и целиот Израел,+ многу големо мноштво народ+ од целата земја, од влезот во Емат+ до долината* на реката Египет.+  А на осмиот ден одржаа свечен собир,+ зашто свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот траеше седум дена и празникот уште седум дена. 10  На дваесет и третиот ден од седмиот месец тој ги распушти луѓето да си одат во своите куќи. И си отидоа радосни+ и со весело срце поради сето добро+ што Јехова им го направи на Давид и на Соломон и на својот народ Израел.+ 11  Така Соломон ги заврши Јеховиниот дом+ и царскиот дворец,+ и во Јеховиниот дом и во својот дворец успешно го направи сето она што го посака во срцето. 12  И Јехова му се јави+ на Соломон ноќе и му рече: „Ја услишив твојата молитва+ и го избрав+ ова место за да ми биде дом во кој ќе се принесуваат жртви.+ 13  Ако го затворам небото за да не паѓа дожд+ и ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата+ и ако испратам помор на својот народ,+ 14  па мојот народ,+ кој го носи моето име,+ се понизи+ и се помоли+ и го побара моето лице,+ и се врати од своите зли патишта,+ тогаш јас ќе чујам од небото+ и ќе им го простам гревот,+ и ќе ја излечам нивната земја.+ 15  Моите очи+ ќе бидат отворени и моите уши+ внимателно ќе слушаат кога ќе се молат од ова место. 16  Затоа, еве, го избрав+ и го посветив овој дом за моето име+ да престојува во него довека.+ И овде секогаш ќе бидат моите очи и моето срце.+ 17  А ти, ако ми служиш како што ми служеше* твојот татко Давид,+ правејќи сѐ што ти заповедав,+ и ако ги држиш моите уредби+ и моите закони,+ 18  ќе го утврдам престолот на твоето царство+ и ќе се држам за сојузот што го склучив со твојот татко Давид+ кога реков: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе владее со Израел‘.+ 19  Но, ако се одвратите од мене+ и ги оставите моите одредби+ и моите заповеди+ што ги ставив пред вас, па тргнете по други богови за да им служите+ и да им се клањате,+ 20  ќе ве истребам од земјата што ви ја дадов.+ И овој дом, кој го посветив+ за своето име, ќе го отфрлам од пред своето лице,+ па сите народи ќе го споменуваат со презир*+ и ќе му се потсмеваат.+ 21  Од овој дом ќе останат само урнатини+ и секој што ќе помине покрај него вчудовидено+ ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+ 22  И ќе им одговорат: ‚Затоа што го оставија Јехова,+ Богот на своите прататковци, кој ги изведе од египетската земја,+ и им се приклонија на други богови,+ им се клањаа и им служеа.+ Затоа им ја нанесе сета таа неволја‘ “.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Види го додатокот 12.
Буквално: „ако одиш пред мене како што одеше“.
Буквално: „ќе биде изрека (пословица)“.