2. Мојсеева 20:1-26

20  Потоа Бог ги кажа сите овие заповеди:+  „Јас сум Јехова, твојот Бог,+ кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+  Немој да имаш други богови+ освен мене.*  Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата.+  Немој да им се клањаш, ниту да им служиш,+ зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ Поради престапите на татковците ги казнувам синовите, до третото и до четвртото поколение на оние што ме мразат,+  а покажувам милост* и кон илјадитото поколение на оние што ме сакаат и ги држат моите заповеди.+  Не споменувај го името на Јехова, твојот Бог, на недостоен начин,+ зашто Јехова нема да го остави неказнет оној што недостојно го споменува неговото име.+  Сеќавај се на денот за одмор* и нека ти биде свет.+  Шест дена работи и извршувај ја сета своја работа.+ 10  А седмиот ден е ден за одмор посветен на Јехова, твојот Бог.+ Немој да работиш никаква работа ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот роб, ни твојата робинка, ни твојата стока, ни дојденецот што живее со тебе во твојот град.+ 11  Зашто, за шест дена Јехова ги создаде небото, земјата, морето и сѐ што е во нив,+ а во седмиот ден почна да почива.+ Затоа Јехова го благослови денот за одмор и го посвети.+ 12  Почитувај ги татка си и мајка си,+ за да ти се продолжат деновите на земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+ 13  Не убивај!+ 14  Не врши прељуба!+ 15  Не кради!+ 16  Не сведочи лажно против својот ближен!+ 17  Не посакувај ја куќата на својот ближен! Не посакувај ја жената на својот ближен,+ ниту неговиот роб, ниту неговата робинка, ниту неговиот бик, ниту неговото магаре, ниту што и да е друго кое му припаѓа на твојот ближен!“+ 18  И целиот народ ги виде* громовите, молњите, звукот на рогот и планината како чади. Кога го виде тоа, народот затрепери и остана понастрана.+ 19  Тогаш му рекоа на Мојсеј: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме! Нека не ни зборува Бог за да не изгинеме!“+ 20  А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, зашто вистинскиот Бог дојде за да ве искуша+ и стравот од него да остане со вас за да не грешите!“+ 21  И народот стоеше понастрана, а Мојсеј му се приближи на густиот темен облак, каде што беше вистинскиот Бог.+ 22  И Јехова му рече на Мојсеј:+ „Вака кажи им на синовите на Израел: ‚Видовте дека ви зборував од небото.+ 23  Не правете покрај мене богови од сребро, ниту богови од злато.+ 24  Направете ми жртвеник од земја+ и на него принесувајте ги своите жртви паленици и жртвите на заедништвото, својата ситна и крупна стока.+ На секое место што ќе го одредам за да се спомнува на него моето име, ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам.+ 25  Ако ми градиш жртвеник од камен, немој да го градиш од делкани камења, зашто, ако го обработуваш со длето, ќе го оскверниш.+ 26  Не прави скали по кои ќе се качуваш до мојот жртвеник за да не се открие на него твојата голотија‘.

Фусноти

Или: „пред моето лице; па така да ми пркосиш в лице“.
Или: „љубоморен (ревносен) Бог; Бог кој не поднесува некој да му биде соперник“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Пример за зеугма (што значи „јарем“), стилска фигура во која две или повеќе именки се поврзуваат со ист глагол, иако граматички би бил потребен уште некој глагол. Овде глаголот „види“ е употребен за сите именки — громовите, молњите, звукот на рогот и чадењето на планината — иако громовите и звукот на рогот, всушност, се слушаат.