2. Мојсеева 3:1-22

3  Мојсеј го пасеше стадото на мадијамскиот свештеник Јотор,+ својот тест.+ Терајќи го стадото кон западниот дел на пустелијата, на крајот стигна до планината на вистинскиот Бог,+ до Хорив.+  Тогаш Јеховин ангел му се појави во огнот што пламтеше од една грмушка.+ Тој се загледа, и гледај, грмушката сета во пламен, но не изгорува.  И Мојсеј рече: „Ќе пријдам за да ја видам подобро таа чудна глетка, да видам зошто грмушката не изгорува“.+  Кога Јехова Бог виде како приоѓа за да погледне подобро, го викна од грмушката: „Мојсеј! Мојсеј!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“+  Тогаш му рече: „Не приближувај се наваму! Собуј ги сандалите зашто местото на кое стоиш е свето!“+  Потоа продолжи: „Јас сум Богот на твојот татко, Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков“.+ Тогаш Мојсеј си го скри лицето зашто се плашеше да гледа во вистинскиот Бог.  А Јехова продолжи: „Ја видов неволјата на мојот народ во Египет, чув како се жалат од оние што ги тераат на работа и добро ги знам нивните болки.+  Затоа слегов да ги избавам од египетската рака+ и да ги одведам од таа земја во добра и пространа земја, во земја во која тече мед и млеко,+ во крајот на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+  И сега, еве, жалбите на синовите на Израел дојдоа до мене и видов колку многу Египќаните ги угнетуваат.+ 10  Затоа сега, ајде, те праќам кај фараонот да го изведеш од Египет+ мојот народ, синовите на Израел“. 11  Но Мојсеј му рече на вистинскиот Бог: „Кој сум јас да одам кај фараонот и да ги изведам од Египет синовите на Израел?“+ 12  „Јас ќе бидам со тебе,“+ му одговори тој, „и ова ти е знак дека јас те испраќам:+ кога ќе го изведеш народот од Египет, ќе му служите на вистинскиот Бог на оваа планина.“+ 13  Но Мојсеј му рече на вистинскиот Бог: „Ако дојдам кај синовите на Израел и им речам: ‚Богот на вашите прататковци ме испрати кај вас‘, а тие ме прашаат: ‚Како му е името?‘+ — што да им одговорам?“ 14  Тогаш Бог му рече на Мојсеј: „ЌЕ СТАНАМ СЀ ШТО ЌЕ ПОСАКАМ ДА СТАНАМ“.*+ Потоа додаде: „Вака кажи им на синовите на Израел: ‚ЌЕ СТАНАМ ме испрати кај вас‘ “.+ 15  Тогаш Бог уште еднаш му рече на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите на Израел: ‚Јехова, Богот на вашите прататковци, Богот на Авраам,+ Богот на Исак+ и Богот на Јаков,+ ме испрати кај вас‘. Тоа е моето име за навек+ и тоа е мојот спомен од поколение до поколение.+ 16  Оди, собери ги старешините на Израел и речи им: ‚Јехова, Богот на вашите прататковци, ми се појави,+ Богот на Авраам, на Исак и на Јаков, и ми рече: „Ве погледнав+ и го видов она што ви го прават во Египет. 17  И решив да ве изведам од неволјата+ што ви ја нанесуваат Египќаните и да ве одведам во земјата на Ханаанците, на Хетејците, на Аморејците,+ на Ферезејците, на Евејците и на Евусејците,+ земја во која тече мед и млеко“ ‘.+ 18  И тие ќе го послушаат твојот глас.+ А потоа ти и старешините на Израел појдете кај египетскиот цар и речете му: ‚Јехова, Богот на Евреите,+ ни се јави,+ па сега, те молиме, пушти нѐ да појдеме на тридневен пат во пустината и да му принесеме жртва на Јехова, нашиот Бог‘.+ 19  Но јас добро знам дека египетскиот цар нема да дозволи да одите ако силна рака не го присили на тоа.+ 20  Затоа ќе ја подигнам својата рака+ и ќе го удрам Египет со сите свои чудесни дела што ќе ги направам во него. И потоа тој ќе ве пушти.+ 21  И ќе направам овој народ да најде милост во очите на Египќаните, па кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце.+ 22  Секоја жена нека бара од својата сосетка и од туѓинката што живее во нејзината куќа сребрени и златни предмети и облека. И ставете им ги на своите синови и на своите ќерки. Така ќе ги ограбите Египќаните“.+

Фусноти

Во хебрејскиот текст глаголот ехјех („ќе станам“) е во несвршен вид и значи „јас ќе станувам“. Со тоа не се укажува на Божјето постоење (како да пишува: „јас сум, кој сум“), туку на тоа дека тој, во однос на другите, може да стане сѐ што ќе посака. Види го додатокот 1.