2. Тимотеј 1:1-18
1 Павле — по Божја волја апостол на Христос Исус,+ според ветувањето за живот,+ кој е во Христос Исус+ —
2 до Тимотеј, саканиот син:+
Незаслужената доброта, милосрдието и мирот од Бог, Таткото, и од Христос Исус, нашиот Господар* нека бидат со тебе!+
3 Му благодарам за тебе на Бог, кому му служеа моите прататковци,+ а кому му служам и јас*+ со чиста совест,+ и секогаш се сеќавам на тебе во моите сесрдни молитви.+ Ноќ и ден
4 копнеам да те видам,+ сеќавајќи се на твоите солзи, за да се исполнам со радост.
5 Се сеќавам на твојата нелицемерна вера,+ вера која најпрвин ја имаа твојата баба Лоида и твојата мајка Евника, а која, уверен сум, ја имаш и ти.
6 Затоа те потсетувам да го разгориш+ Божјиот дар,+ кој го прими откако положив раце врз тебе.+
7 Зашто, Бог не ни даде дух кој нѐ прави плашливи,+ туку дух кој ни дава сила,+ љубов и разборитост.+
8 Затоа немој да се срамиш од сведоштвото за нашиот Господар,+ ниту од мене, затвореникот поради него,+ туку биди спремен и ти да поднесуваш зло+ заради добрата вест, потпирајќи се на силата од Бог.+
9 Тој нѐ спаси+ и нѐ повика со свет позив,+ не поради нашите дела,+ туку поради својата намера и незаслужена доброта, која уште од дамнешни времиња ни беше дадена во Христос Исус,+
10 а е објавена сега, кога се појави+ нашиот Спасител, Христос Исус, кој ја укина смртта,+ а ги осветли+ животот+ и нераспадливоста+ преку добрата вест,+
11 за која сум поставен како проповедник и апостол и учител.+
12 Поради тоа и го трпам ова,+ но не се срамам,+ бидејќи го знам оној кому му поверував и уверен сум дека тој може да го чува она што му го доверив+ до оној ден.+
13 Како пример нека ти бидат здравите зборови+ што ги слушна од мене со вера и љубов, кои се во Христос Исус.+
14 Ова богатство што ти е доверено+ чувај го со помош на светиот дух, кој престојува во нас.+
15 Знаеш дека во Азија*+ сите се одвратија од мене+ — меѓу нив и Фигел и Ермоген.
16 Господарот нека покаже милосрдие кон домот на Онисифор,+ зашто честопати знаеше да ме зајакне,+ и не се срамеше од моите синџири.+
17 Напротив, кога беше во Рим, грижливо ме побара и ме најде.+
18 Господарот Јехова нека покаже милосрдие кон него+ во оној ден!+ А ти добро ги знаеш сите служби што ги вршеше тој во Ефес.
Фусноти
^ Види го додатокот 11.
^ Или: „кому му вршеа света служба (...) кому му вршам света служба и јас“.