2. Тимотеј 3:1-17
3 А ова знај го: во последните денови+ ќе настанат особено тешки времиња.+
2 Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите,+ неблагодарни, нелојални,+
3 бесчувствителни кон другите,*+ неспремни за каков и да било договор,+ клеветници,+ без самосовладување, сурови,+ без љубов кон добротата,+
4 предавници,+ своеглави, горди,+ повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог,+
5 и на изглед ќе бидат богобојазливи,+ но нема да живеат богобојазливо.+ Од таквите бегај!+
6 Зашто, од нив доаѓаат оние што лукаво се вовлекуваат во куќите+ и ги заробуваат слабите жени оптоварени со гревови, водени од разни желби,+
7 кои секогаш учат, но никако добро да ја запознаат* вистината.+
8 И како што Јаниј и Јамвриј+ му се противеа на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината.+ Тоа се луѓе со потполно расипан ум,+ за кои нема место меѓу вистинските верници.+
9 Но нема повеќе да напредуваат, зашто нивното безумие ќе стане видливо за сите, како што стана видливо и безумието на оние двајца мажи.+
10 А ти добро ги запозна моето учење, мојот начин на живот,+ мојата животна цел, мојата вера, мојата долготрпеливост, мојата љубов, мојата истрајност,
11 моите прогонства, моите страдања, она што ми се случи во Антиохија,+ во Иконија,+ во Листра,+ прогонствата што ги поднесов. Но Господарот ме избави од сите нив.+
12 И сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани.+
13 А злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени.+
14 Но ти остани во она што си го научил и во кое си се уверил,+ бидејќи знаеш од кого си го научил сето тоа+
15 и дека од рано детство+ ги познаваш светите списи, кои можат да те направат мудар за да добиеш спасение+ преку верата која е во Христос Исус.+
16 Целото Писмо е вдахновено од Бог+ и корисно за поучување,+ за укорување,+ за поправање,+ за воспитување*+ во праведноста,
17 за да биде Божјиот човек вистински способен+ и потполно опремен за секое добро дело.+
Фусноти
^ Или: „без љубов кон членовите на семејството“.