2. Царевите 12:1-21
12 Во седмата година од царувањето на Јуј,+ Јоас+ стана цар и владееше четириесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Сивија и беше од Вирсавеја.
2 Јоас го правеше она што е исправно во Јеховини очи за сето време додека беше поучуван од свештеникот Јодај,+
3 само што не беа отстранети обредните височинки.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.
4 Јоас им рече на свештениците.+ „Сите пари од светите приноси+ што се донесуваат во Јеховиниот дом,+ имено, парите што му се одредени секому како данок,+ парите за душите, според вредноста што е одредена,+ и сите пари што ќе ги донесе некој во Јеховиниот дом поради тоа што неговото срце го поттикнува на тоа,+
5 свештениците нека ги земат, секој од својот познајник,+ па нека ги поправат сите оштетувања на домот што ќе ги најдат“.+
6 Но до дваесет и третата година од царувањето на Јоас, свештениците сѐ уште ги немаа поправено оштетувањата на домот.+
7 Затоа цар Јоас ги викна свештеникот Јодај+ и останатите свештеници, па ги праша: „Зошто не ги поправате оштетувањата на домот? Отсега не смеете повеќе да собирате пари од своите познајници, туку мора да ги предадете за поправка на домот“.+
8 И свештениците се согласија да не собираат повеќе пари од народот и да не ги поправаат оштетувањата на домот.
9 Тогаш свештеникот Јодај зеде еден ковчег,+ направи отвор на капакот и го стави до жртвеникот, да му биде од десната страна на оној што ќе влезе во Јеховиниот дом. И свештениците што служеа како вратари+ ги ставаа во него сите пари+ што беа донесени во Јеховиниот дом.
10 Кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу пари, царскиот писар+ и првосвештеникот доаѓаа да ги пребројат, па ги врзуваа парите што ќе се најдеа во Јеховиниот дом.+
11 Преброените пари им ги предаваа в раце на луѓето што беа поставени да ја надгледуваат работата+ во Јеховиниот дом, а тие од нив им плаќаа на дрводелците и на градителите што работеа на Јеховиниот дом,
12 и на ѕидарите и на каменоресците,+ и ги даваа за купување дрвена граѓа и делкан камен за поправка на оштетувањата на Јеховиниот дом, а и за сите трошоци околу поправката на домот.
13 Но парите што беа донесувани во Јеховиниот дом не се користеа за изработка ниту на сребрени садови, ни на поткаструвачи на фитили,+ ни на чинии,+ ни на труби,+ ниту на какви било предмети од злато или од сребро за Јеховиниот дом,+
14 туку им беа давани на луѓето што ја надгледуваа работата за да го поправат со нив Јеховиниот дом.+
15 А од луѓето на кои им ги предаваа парите за да им ги дадат на работниците+ не бараа да положат сметка за тоа како ги трошат,+ зашто тие работеа верно.+
16 Парите од жртвите за вина+ и парите од жртвите за грев не ги донесуваа во Јеховиниот дом, туку тие им припаѓаа на свештениците.+
17 Во тоа време Азаил,+ сирискиот цар, тргна во војна против Гат+ и го освои. Потоа Азаил се сврти да го нападне Ерусалим.+
18 А Јоас, царот на Јуда, ги зеде сите свети приноси+ што ги беа посветиле неговите прататковци Јосафат, Јорам и Охозија, цареви на Јуда, а и своите свети приноси и сето злато што го најде во ризниците на Јеховиниот дом и на царскиот дворец, и му ги испрати+ на Азаил, царот на Сирија. Така овој замина од Ерусалим.
19 Останатата историја на Јоас и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда?
20 На крајот, слугите на Јоас+ станаа и сковаа заговор+ против него, па го убија во тврдината Мило,+ каде што се слегува кон Сила.
21 Јоазахар,* синот на Симеата, и Јозавад,+ синот на Сомир, негови слуги, му зададоа смртен удар. Го погребаа со неговите прататковци во Давидовиот град, а на негово место почна да владее неговиот син Амазија.+