2. Царевите 14:1-29

14  Во втората година од царувањето на Јоас,+ синот на Јоахаз, над Израел, стана цар Амазија,+ синот на Јоас, царот на Јуда.  Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадина+ и беше од Ерусалим.  Го правеше она што е исправно во очите на Јехова,+ но не како неговиот прататко Давид.+ Правеше сѐ како и Јоас, неговиот татко.+  Единствено обредните височинки не беа отстранети.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+  А кога се зацврсти царството во неговата рака, ги уби+ своите слуги што го убија царот, неговиот татко.+  Но синовите на тие убијци не ги погуби, според она што е запишано во книгата на Мојсеевиот закон, во кој Јехова заповеда:+ „Татковците нека не бидат погубени поради синовите, и синовите нека не бидат погубени поради татковците. Секој нека биде погубен поради сопствениот грев“.+  Тој уби десет илјади Едомци+ во Солената Долина+ и во војна го освои градот Села, кој го доби името Јоктеил, кое го носи до ден-денес.  Тогаш Амазија испрати гласници кај израелскиот цар Јоас, синот на Јоахаз, син на Јуј, и му порача: „Дојди да се пробаме кој е појак!“+  А израелскиот цар Јоас, му испрати на Амазија, царот на Јуда, ваков одговор: „Трнливиот плевел на Ливан му порача на ливанскиот кедар:+ ‚Дај му ја ќерка ти за жена на мојот син!‘ Но полска ѕверка на Ливан помина преку трнливиот плевел и го изгази.+ 10  Го порази Едом,+ па срцето ти се возгордеа.+ Уживај во својата слава+ и остани си дома! Зошто да се впушташ во судир+ и да бидеш поразен?+ Зар сакаш да пропаднеш и ти и Јуда со тебе?“ 11  Но Амазија не послуша.+ Така дојде Јоас, израелскиот цар, па тој и Амазија, царот на Јуда, се пробаа кој е појак+ кај Вет-Семес,+ кој му припаѓа на Јуда. 12  И синовите на Израел ги поразија синовите на Јуда,+ така што овие побегнаа секој во својот шатор. 13  А Јоас, царот на Израел, го зароби Амазија, царот на Јуда, синот на Јоас, син на Охозија, кај Вет-Семес. Потоа дојде во Ерусалим и го проби ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Порта+ до Аголната Порта,+ во должина од четиристотини лакти.* 14  Ги зеде сето злато, сето сребро и сите предмети што се најдоа во Јеховиниот дом+ и во ризницата на царскиот дворец, а освен тоа зеде и заложници, па се врати во Самарија. 15  Останатата историја на Јоас, сите негови дела, неговите потфати и како војуваше против Амазија, царот на Јуда, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 16  На крајот Јоас почина кај своите прататковци+ и беше погребан во Самарија+ со израелските цареви, а на негово место почна да владее неговиот син Јеровоам.*+ 17  Амазија,+ синот на Јоас, цар на Јуда, живееше уште петнаесет години по смртта на Јоас,+ синот на Јоахаз, царот на Израел.+ 18  А останатата историја на Амазија, зар не е запишана во летописите+ на царевите на Јуда?+ 19  На крајот, против него сковаа заговор+ во Ерусалим, па тој побегна во Лахис.+ Но по него во Лахис испратија луѓе, кои го убија таму.+ 20  Оттаму го донесоа на коњи и беше погребан+ во Ерусалим кај своите прататковци во Давидовиот град.+ 21  Тогаш целиот народ на Јуда го зеде Азарија,*+ кој во тоа време имаше шеснаесет години,+ и го постави за цар наместо неговиот татко Амазија.+ 22  Тој повторно го изгради Елат+ и му го врати на Јуда откако царот почина кај своите прататковци. 23  Во петнаесеттата година од царувањето на Амазија, синот на Јоас, царот на Јуда, Јеровоам,+ синот на Јоас, царот на Израел, стана цар во Самарија и владееше четириесет и една година. 24  Го правеше она што е зло во Јеховини очи. Не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам, синот на Нават, со кој го наведе на грев Израел.+ 25  Тој повторно ја воспостави израелската граница од влезот во Емат+ до морето Араба,+ според речта на Јехова, Богот на Израел, која му ја кажуваше преку својот слуга Јона,+ синот на Аматиј, пророк од Гат-Ефер.+ 26  Зашто, Јехова ја виде лутата неволја на Израел.+ Не остана ни беспомошниот ни безвредниот, и немаше помошник за Израел.+ 27  Но Јехова вети дека нема да го избрише од под небото+ името на Израел. Затоа ги спаси+ со раката на Јеровоам, синот на Јоас. 28  Останатата историја на Јеровоам, сите негови дела и потфати, како војуваше и како ги врати Дамаск+ и Емат+ под власта на Јуда и на Израел, зар не е сето тоа запишано во летописите на израелските цареви? 29  На крајот, Јеровоам почина кај своите прататковци, царевите на Израел, а на негово место почна да владее неговиот син Захарија.+

Фусноти

Околу 178 метри. Види го додатокот 13.
Станува збор за Јеровоам II.
Во 2Ца 15:13; 2Ле 26:1-23; Иса 6:1; За 14:5 „Озија“.