2. Царевите 21:1-26

21  Манасија имаше дванаесет години кога почна да владее,+ и владееше педесет и пет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Евсива.  Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ според одвратните обичаи на народите+ кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.  Повторно ги направи обредните височинки кои ги беше уништил Езекија,+ неговиот татко, му подигна жртвеници на Ваал и направи обреден дирек,* како што направи и Ахав,+ израелскиот цар. И почна да ѝ се клања+ на целата небесна војска+ и да ѝ служи.+  Направи и жртвеници во Јеховиниот дом,+ за кој Јехова рече: „Во Ерусалим ќе престојува моето име“.+  Ѝ направи жртвеници и на сета небесна војска+ во двата двора на Јеховиниот дом.+  Својот син го помина низ оган,+ се занимаваше со магија,+ прорекуваше по знаци и постави луѓе за да повикуваат духови+ и да прорекуваат настани.+ Многу зла правеше пред Јехова и го навредуваше.  Направи и режан лик+ на обредниот дирек, па го постави во домот+ за кој Јехова им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име довека.+  И нема повеќе да дозволам ногата на синовите на Израел да се мрдне од земјата што им ја дадов на нивните прататковци,+ само ако внимателно држат сѐ што им заповедав,+ целиот закон што им го даде Мојсеј, мојот слуга“.  Но тие не послушаа,+ зашто Манасија ги наведуваше да прават уште поголемо зло+ отколку народите кои Јехова ги истреби од пред синовите на Израел.+ 10  А Јехова вака зборуваше преку своите слуги, пророците:+ 11  „Поради тоа што ги правеше тие гадости,+ Манасија,+ царот на Јуда, направи поголемо зло отколку злото што го правеа Аморејците+ пред него. Со своите одвратни идоли* го наведе на грев+ дури и Јуда. 12  Затоа вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Еве, на Ерусалим+ и на Јуда им носам таква неволја што секој што ќе чуе за неа ќе се вчудовиди.*+ 13  Над Ерусалим ќе го растегнам истото мерно јаже+ како над Самарија+ и истата мерна справа* како над домот на Ахав.+ И ќе го избришам+ Ерусалим како што се брише чинија — се брише, па се превртува.+ 14  Ќе го оставам остатокот+ од своето наследство+ и ќе им го предадам в раце на нивните непријатели за да им бидат плен и грабеж на сите свои непријатели,+ 15  затоа што го правеа она што е зло во мои очи и ме навредуваа од денот кога нивните прататковци излегоа од Египет до денес‘ “.+ 16  И Манасија пролеа многу невина крв,+ толку многу што со неа се наполни Ерусалим од едниот крај до другиот. Освен тоа, со својот грев го наведе на грев и Јуда, за да го прави она што е зло во Јеховини очи.+ 17  Останатата историја на Манасија, сѐ што правеше тој и гревовите што ги направи, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 18  На крајот, Манасија почина кај своите прататковци+ и беше погребан во градината на својот дворец, во градината на Уза,+ а на негово место почна да владее неговиот син Амон. 19  Амон+ имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше две години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Месулемета и беше ќерка на Арус од Јотва. 20  Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, како што го правеше тоа и Манасија, неговиот татко.+ 21  Во сѐ одеше по патот по кој одеше неговиот татко,+ им служеше на одвратните идоли,+ на кои им служеше и неговиот татко, и им се клањаше. 22  И го остави Јехова,+ Богот на своите прататковци, и не одеше по патот на Јехова.+ 23  На крајот, слугите на Амон сковаа заговор против него и го убија царот+ во неговиот дворец. 24  А народот* ги уби сите што беа сковале заговор+ против цар Амон. Потоа на негово место народот го постави за цар Јосија,+ неговиот син. 25  Останатата историја на Амон и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 26  Го погребаа во неговиот гроб во градината на Уза,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јосија.+

Фусноти

Или: „ашер“.
Или: „со своите лепешкави идоли“.
Буквално: „на секој што ќе чуе за неа ќе му зуи во двете уши“.
Или: „либела; справа за определување на хоризонталната положба на предметите“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).