2. Царевите 8:1-29
8 Елисеј вака ѝ рече на жената на која ѝ го оживеа синот:+ „Стани и оди со својот дом и насели се како туѓинка некаде в туѓина,+ зашто Јехова повика глад,+ кој ќе владее во земјата седум години“.+
2 И жената стана и постапи според речта на Божјиот човек. Отиде+ со својот дом+ и се насели како туѓинка во филистејската земја,+ и живееше таму седум години.
3 Кога поминаа седумте години, жената се врати од филистејската земја и отиде кај царот+ за да го замоли за својата куќа и за својата нива.
4 А царот токму тогаш зборуваше со Гиезиј,+ слугата на Божјиот човек, и му рече: „Те молам, раскажи ми за сите големи дела што ги направил Елисеј“.+
5 И кога му раскажуваше на царот како Елисеј оживеа еден мртовец,+ гледај, дојде жената, чијшто син беше оживеан, за да го моли царот за својата куќа и за својата нива.+ Тогаш Гиезиј рече: „Господару мој,+ царе, ова е жената и ова е нејзиниот син кого Елисеј го оживеа“.
6 Царот ја праша жената за тоа и таа му раскажа сѐ.+ Тогаш царот ѝ даде еден дворјанин+ и му рече: „Врати ѝ сѐ што ѝ припаѓа, како и целиот приход од нејзината нива од денот кога ја оставила земјата до сега“.+
7 Елисеј дојде во Дамаск,+ а Вен-Адад,+ сирискиот цар, беше болен. И му јавија: „Божјиот човек+ дојде ваму“.
8 А царот му рече на Азаил:+ „Земи дар,+ па отиди му во пресрет на Божјиот човек и прашај+ го Јехова преку него дали ќе закрепнам од оваа болест“.
9 Така Азаил му отиде во пресрет, земајќи со себе за дар секакви добри работи од Дамаск, кои ги натовари на четириесет камили. Кога дојде, застана пред него и рече: „Твојот син+ Вен-Адад, сирискиот цар, ме испрати кај тебе и прашува дали ќе закрепне од оваа болест“.
10 А Елисеј му одговори: „Оди и речи му: ‚Ќе закрепнеш‘, но Јехова ми покажа+ дека ќе умре“.+
11 И Божјиот човек се загледа втренчено во него и остана така сѐ додека на овој не му стана непријатно, а потоа заплака.+
12 И Азаил праша: „Зошто плаче мојот господар?“ А тој одговори: „Затоа што добро знам какво зло+ ќе им нанесеш на синовите на Израел. Ќе ги палиш со оган нивните тврдини, ќе ги убиваш со меч нивните најдобри војници, ќе ги сотираш нивните деца+ и ќе ги распоруваш нивните трудници“.+
13 Тогаш Азаил праша: „Но што е твојот слуга? Јас сум само обичен пес,+ па како можам да направам нешто толку големо?“ А Елисеј одговори: „Јехова ми покажа дека ти ќе бидеш цар на Сирија“.+
14 Потоа отиде откај Елисеј и дојде кај својот господар, кој го праша: „Што ти рече Елисеј?“ А тој одговори: „Ми рече дека ќе закрепнеш“.+
15 Но утредента зеде една покривка, ја натопи во вода и го покри царот преку лицето,+ и тој умре.+ Така Азаил+ почна да владее наместо него.
16 А во петтата година од царувањето на Јорам,+ синот на Ахав, над Израел, додека Јосафат сѐ уште беше цар на Јуда, почна да владее Јорам,+ синот на Јосафат, царот на Јуда.
17 Имаше триесет и две години кога стана цар и осум години владееше во Ерусалим.+
18 Одеше по патот на израелските цареви,+ како што го правеше тоа и домот на Ахав,+ зашто жена+ му беше ќерка на Ахав, и го правеше она што е зло во Јеховини очи.
19 Но Јехова не сакаше да го сотре Јуда+ поради Давид, својот слуга,+ зашто беше ветил дека ќе им даде светилка+ нему и на неговите синови засекогаш.
20 Во негово време, Едом+ се побуни против власта на Јуда и си постави свој цар.+
21 Затоа Јорам отиде во Саир со сите свои бојни коли. И стана ноќе и ги погуби Едомците што ги беа опколиле него и заповедниците на колите, а народот побегна во своите шатори.
22 Но Едом истраја во побуната против власта на Јуда до ден-денес. Во тоа време се побуни и Ливна.+
23 Останатата историја на Јорам и сѐ што правеше, не е ли сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда?
24 На крајот Јорам почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ А на негово место почна да владее неговиот син Охозија.+
25 Во дванаесеттата година од царувањето на Јорам, синот на Ахав, над Израел, стана цар Охозија, синот на Јорам, царот на Јуда.+
26 Охозија имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше една година во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Готолија+ и му беше внука на Амри,+ израелскиот цар.
27 Тој одеше по патот на Ахавовиот дом+ и го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како и домот на Ахав, затоа што со женидбата се ороди со домот на Ахав.+
28 Затоа отиде со Јорам, синот на Ахав, во војна против Азаил,+ сирискиот цар, кај Рамот-Галад.+ Но Сиријците го ранија+ Јорам.
29 Така цар Јорам+ се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги нанесоа Сиријците кај Рама,* кога се бореше против сирискиот цар Азаил. А Охозија,+ синот на Јорам, царот на Јуда, отиде во Језраел за да го посети Јорам, синот на Ахав, зашто тој беше болен.
Фусноти
^ Скратено име за Рамот-Галад.