3. Мојсеева 12:1-8

12  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе забремени жена+ и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум дена. Нека биде нечиста како што е нечиста во деновите додека трае месечниот ред.+  Во осмиот ден, детето нека биде обрежано.+  А таа нека остане дома уште триесет и три дена за да се очисти од својата крв. Не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа на светото место додека не поминат деновите на нејзиното чистење.+  Ако роди женско дете, нека биде нечиста четиринаесет дена, како кога го има месечниот ред. Нека остане дома уште шеесет и шест дена за да се очисти од својата крв.  А штом ќе поминат деновите на нејзиното чистење — било за син било за ќерка — нека му донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата машко јагне старо до една година како жртва паленица,+ и млад гулаб или грлица+ како жртва за грев.  Тој нека го принесе тоа пред Јехова и нека го изврши за неа обредот на очистување, и така ќе биде чист изворот на нејзината крв.+ Тоа е законот за жената кога ќе роди било машко било женско дете.  Но, ако нема пари за да набави едно грло ситна стока, тогаш нека земе две грлици или два млади гулаба,+ едното како жртва паленица, а другото како жртва за грев, па свештеникот нека го изврши за неа обредот на очистување,+ и ќе биде чиста‘ “.

Фусноти