3. Мојсеева 21:1-24

21  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: „Кажи им на свештениците, на синовите на Арон, и речи им: ‚За мртовец* никој да не се валка во својот народ.+  Но, за блиски крвни роднини, за својата мајка, за својот татко, за својот син, за својата ќерка, за својот брат  и за својата сестра — девица, која била близок член на семејството и уште немала маж — заради неа може да се извалка.  Но, во својот народ да не се валка заради жена која му припаѓа на некој маж,* за да не се оскверни со тоа.  Да не ја бричат главата,+ да не ги потсечуваат краевите на брадата+ и да не прават засеци по своето тело.+  Нека му бидат свети на својот Бог+ и нека не го осквернуваат името на својот Бог,+ зашто принесуваат жртви палени за Јехова, храната на својот Бог.+ Затоа, нека бидат свети.+  Нека не се женат со јавна блудница,+ ниту со обесчестена жена; и да не се женат+ со жена од која нејзиниот маж се развел,+ зашто свештеникот е свет за својот Бог.  Посвети го,+ зашто тој му принесува храна на твојот Бог. Нека ти биде свет,+ зашто сум свет јас, Јехова, и јас ве посветувам.+  Ако ќерката на некој свештеник се обесчести, оддавајќи се на јавен блуд, таа го обесчестува својот татко. Да биде погубена и изгорена во оган.+ 10  А оној што е првосвештеник меѓу своите браќа, на чијашто глава е излеано маслото на помазание+ и којшто е овластен* да ја носи свештеничката одежда,+ да не оди со разбушавена коса+ и да не ја раскинува одеждата.+ 11  Да не приоѓа до никаков мртовец.*+ Не смее да се извалка ниту заради својот татко ниту заради својата мајка. 12  И да не излегува од светилиштето за да не го оскверни светилиштето на својот Бог,+ зашто тој го носи на себе знакот на предаденоста, Божјето масло за помазание.+ Јас сум Јехова. 13  За жена нека земе девица.+ 14  Да не се жени ниту со вдовица, ниту со разведена, ниту со обесчестена, ниту со јавна блудница, туку нека земе за жена девица од својот народ. 15  Нека не го осквернува своето потомство меѓу својот народ,+ зашто јас сум Јехова, јас го посветувам‘ “.+ 16  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 17  „Кажи му на Арон и речи му: ‚Никој, од кое и да е идно поколение на твоето потомство, што има некаков телесен недостаток,+ не смее да пристапи за да му ја принесе храната на својот Бог.+ 18  Ако некој има некаков недостаток, не смее да пристапува: никој што е слеп, или сакат, или со осакатен нос, или кому еден дел од телото му е предолг,+ 19  никој што има скршена нога или скршена рака, 20  кој е грбав, неприродно слаб, со болни очи, крастав или со лишај, или, пак, има згмечени семеници.+ 21  Никој од семето на свештеникот Арон што има недостаток да не пристапува за да принесува жртви палени за Јехова.+ Има недостаток. Да не пристапува за да му ја принесува храната на својот Бог.+ 22  Таквиот може да ја јаде храната на својот Бог — од најсветите работи+ и од светите работи.+ 23  Но нека не се доближува до завесата+ и нека не му пристапува на жртвеникот+ зашто има недостаток.+ Да не го осквернува моето светилиште,+ зашто јас сум Јехова, јас ги посветувам‘ “.+ 24  И Мојсеј им го кажа сето тоа на Арон, на неговите синови и на сите синови на Израел.

Фусноти

Буквално: „за душа“, односно за мртва душа. Види го додатокот 2.
Буквално: „сопственик (господар)“.
Буквално: „и чија рака е наполнета“. Види ги фуснотите за 2Мо 28:41; Ев 5:9 и 7:28.
Буквално: „души на мртовци“. Види го додатокот 2.