3. Мојсеева 22:1-33

22  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Кажи им на Арон и на неговите синови да внимаваат да не ги обесчестат светите работи на Израеловите синови и да не го осквернуваат моето свето име+ со работите што ми ги посветуваат.+ Јас сум Јехова.  Речи им: ‚Ако некој од сите ваши потомци, во вашите идни поколенија, им пристапи на светите работи, коишто синовите на Израел му ги посветуваат на Јехова, додека неговата нечистотија е на него,+ таквиот* да биде погубен и така да биде отстранет од пред моето лице. Јас сум Јехова.  Никој од потомците на Арон кој е лепрозен+ или има излив+ да не јаде од светите работи додека не стане чист;+ ниту оној што ќе се допре до човек што се извалкал со мртовец,*+ ниту оној кому му истекло семе,+  ниту оној што ќе се допре до некое од суштествата што ги има наоколу во голем број и кои се нечисти за него,+ ниту оној што ќе се допре до човек што за него е нечист поради неговата нечистотија.+  Оној* што ќе се допре до такво нешто нека биде нечист до вечерта и нека не јаде ништо од светите работи, туку нека го искапе телото во вода.+  А штом ќе зајде сонцето, пак е чист, и потоа може да јаде од светите работи, зашто тоа му е храна.+  Нека не јаде пцовисано, ниту раскинато од ѕверови за да не се извалка со тоа.+ Јас сум Јехова.  Нека ги извршуваат своите должности кон мене за да не си навлечат грев и да не загинат+ поради тоа што ги осквернуваат светите работи. Јас сум Јехова, јас ги посветувам. 10  Никој од обичниот народ да не го јаде она што е свето.+ Ниту доселеник, кој е кај некој свештеник, ниту наемник да не го јаде она што е свето. 11  Но, ако свештеникот купи некоја душа за пари, таа смее да го јаде тоа. И робовите родени во негова куќа смеат да го јадат неговиот леб.+ 12  Ако ќерка на свештеник се омажи за некој од обичниот народ, таа не смее да јаде од принесените свети работи. 13  Но, ако ќерка на свештеник остане вдовица или нејзиниот маж се разведе од неа, а таа нема деца и се врати во татковата куќа како во својата младост,+ тогаш смее да јаде од татковиот леб.+ Но никој од обичниот народ не смее да јаде од него. 14  Ако некој несакајќи јаде нешто свето,+ нека му додаде една петтина од вредноста+ на тоа што е свето и нека му го даде на свештеникот. 15  Свештениците не смеат да ги осквернат светите работи на синовите на Израел, кои тие му ги принесуваат на Јехова,+ 16  за да не им навлечат ним казна за вина ако тие јадат од своите свети работи, зашто јас сум Јехова, јас ги посветувам‘ “. 17  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 18  „Кажи им на Арон, на неговите синови и на сите Израелови синови и речи им: ‚Секој од домот на Израел или од дојденците во Израел кој ја принесува својата жртва+ — било како завет+ било како доброволна жртва+ што му се принесува на Јехова како жртва паленица — 19  за да стекне милост,+ мора да принесе машко без недостаток,+ од говедата, од овците или од козите. 20  Сѐ што има каква и да било недостаток, да не го принесувате,+ зашто со тоа нема да стекнете милост. 21  Ако некој му принесува на Јехова жртва на заедништвото+ за да исполни некаков завет+ или за да даде доброволна жртва, за да стекне милост, мора да принесе животно без недостаток, било од крупната било од ситната стока. Таа не смее да има никаков недостаток. 22  Никакво животно што е слепо, или има скршеница, или е пресечено, или има брадавица, или е краставо или има лишај,+ да не му го принесуваш на Јехова ниту да го ставаш како жртва палена+ на жртвеникот за Јехова. 23  Говедо или овца на која некој дел од телото ѝ е предолг или прекраток+ можеш да ја принесеш како доброволна жртва, но ако ја принесеш поради завет, Бог нема да ја прифати таа жртва. 24  Животно со згмечени, здробени, откинати или одрежани семеници+ да не му жртвувате на Јехова, да не го принесувате во својата земја. 25  Ништо такво од раката на туѓинец не принесувајте го како храна на вашиот Бог, зашто тоа се животни со недостаток. Имаат недостаток.+ Бог нема да ги прифати‘ “.+ 26  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 27  „Кога ќе се роди теле, јагне или јаре, нека остане седум дена со мајката,+ а од осмиот ден може да се принесува како жртва, како жртва палена за Јехова. 28  Не колете говедо, ниту овца, во ист ден со нејзиното младенче.+ 29  Ако му жртвувате на Јехова жртва благодарница,+ жртвувајте ја за да стекнете милост. 30  Жртвата да се изеде уште во истиот ден.+ Не оставајте ништо од неа до утрото.+ Јас сум Јехова. 31  Држете ги моите заповеди и извршувајте ги.+ Јас сум Јехова. 32  Не осквернувајте го моето свето име,+ и јас ќе се посветам меѓу синовите на Израел.+ Јас сум Јехова, јас ве посветувам,+ 33  јас ве изведувам од египетската земја за да ви бидам Бог.+ Јас сум Јехова“.

Фусноти

Буквално: „таа душа“.
Буквално: „душа“, односно мртва душа. Види го додатокот 2.
Буквално: „Душата“.