3. Мојсеева 3:1-17
3 Ако некој принесува жртва на заедништво,+ ако ја принесува од крупната стока, било машко било женско, тоа што го принесува пред Јехова нека биде без недостаток.+
2 Нека ја положи раката врз главата+ на својата жртва, па нека ја заколат на влезот во шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека го попрскаат со крв жртвеникот од сите страни.
3 Дел од жртвата на заедништвото нека принесе како жртва палена за Јехова: лојот+ што ги покрива цревата, сиот лој што е околу цревата,+
4 двата бубрега+ и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.
5 Синовите на Арон+ нека го изгорат тоа+ на жртвеникот, врз жртвата паленица што е на дрвата+ во огнот, како жртва палена за успокојувачки мирис+ за Јехова.
6 Ако му принесува на Јехова жртва на заедништвото од ситната стока, било машко било женско, тоа што го принесува нека биде без недостаток.+
7 Ако принесува како жртва машко јагне, нека го принесе пред Јехова.+
8 Нека ја положи раката врз главата+ на својата жртва, па нека ја заколе+ пред шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека го попрскаат со неговата крв жртвеникот од сите страни.
9 Од жртвата на заедништвото нека го принесе лојот како жртва палена за Јехова.+ Нека ги одвои целата мрсна опашка+ што е до ’рбетот и лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е на цревата,+
10 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката+ што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.
11 Свештеникот нека го изгори+ тоа на жртвеникот како храна,+ како жртва палена за Јехова.
12 Ако принесува коза,+ нека ја принесе пред Јехова.
13 Нека ја положи раката врз нејзината глава,+ па козата нека биде заклана+ пред шаторот на средбата. Потоа синовите на Арон нека го попрскаат жртвеникот со нејзината крв од сите страни.
14 И од неа нека ги принесе како своја жртва, како жртва палена за Јехова, лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е на цревата,+
15 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.
16 Свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот како храна, како жртва палена за успокојувачки мирис. Сиот лој му припаѓа на Јехова.+
17 Тоа е трајна одредба за вашите поколенија во сите места каде што живеете: во никој случај не смеете да јадете каков и да е лој или крв‘ “.+