3. Мојсеева 8:1-36

8  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Земи ги Арон и неговите синови со него,+ потоа одеждите,+ маслото за помазание,+ јунецот за жртва за грев,+ двата овна и кошницата со бесквасни лебови,+  па собери ја целата заедница+ на влезот во шаторот на средбата“.+  Мојсеј направи така како што му беше заповедал Јехова, и заедницата се собра на влезот+ во шаторот на средбата.  Тогаш Мојсеј ѝ рече на заедницата: „Јехова заповеда да се прави ова“.+  И Мојсеј ги доведе Арон и неговите синови и ги изми+ со вода.+  Потоа му ја облече на Арон долгата кошула,+ го опаша со појасот,+ му ја облече туниката без ракави+ и му го стави ефодот,+ па го опаша со појасот+ од ефодот и му го затегна.  Потоа му го стави наградникот,+ а во наградникот ги стави Уримот и Тумимот.*+  На глава му го стави турбанот,+ а отспреди на турбанот ја прицврсти сјајната златна плочка, светиот знак на предаденоста,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 10  Мојсеј тогаш го зеде маслото за помазание и ги помаза светиот шатор+ и сите свети работи во него и ги посвети. 11  Потоа со него седумпати го попрска жртвеникот и ги помаза жртвеникот+ и целиот негов прибор, мијалникот и неговото подножје за да ги посвети. 12  На крајот излеа од маслото за помазание врз главата на Арон и го помаза за да го посвети.+ 13  Потоа Мојсеј ги доведе синовите на Арон+ и им облече долги кошули, ги опаша со појаси+ и околу главата им завитка покривала како капи,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 14  И го доведе јунецот+ за да биде жртвуван за грев, а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата+ на јунецот што беше жртвуван за грев. 15  Мојсеј потоа го закла,+ зеде од неговата крв+ и со прстот стави на роговите од сите страни на жртвеникот, и така го очисти жртвеникот од грев, а останатата крв ја излеа на подножјето од жртвеникот и го посвети за да го изврши на него обредот на очистување.+ 16  Потоа Мојсеј ги зеде сиот лој што беше на цревата, кошулката од црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој, и ги изгоре на жртвеникот.+ 17  А јунецот, неговата кожа, месото и лепешките ги изгоре во оган надвор од логорот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 18  Потоа го доведе овенот за жртва паленица, а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата на овенот.+ 19  Мојсеј го закла и со крвта го попрска жртвеникот од сите страни.+ 20  Мојсеј го исече овенот на парчиња,+ и ги изгоре главата, парчињата и лојот. 21  Мојсеј ги изми со вода цревата и потколениците, а потоа целиот овен го изгоре на жртвеникот.+ Тоа беше жртва паленица за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 22  Потоа го доведе вториот овен, овенот што се принесува за поставување во свештеничка служба,+ а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата на овенот. 23  И Мојсеј го закла, зеде од неговата крв и му стави на Арон на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога.+ 24  Потоа Мојсеј ги доведе синовите на Арон и им стави од крвта на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога. А со останатата крв Мојсеј го попрска жртвеникот од сите страни.+ 25  Потоа ги зеде лојот, мрсната опашка, сиот лој што беше на цревата,+ кошулката од црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој и десниот бут.+ 26  А од кошницата со бесквасни лебови, која стоеше пред Јехова, зеде еден бесквасен прстенест леб,+ еден прстенест леб направен со масло+ и една кора.+ Потоа ги стави врз мрсните делови и врз десниот бут. 27  Сето ова го стави во рацете на Арон и во рацете на неговите синови, па го заниша тоа како нишана жртва пред Јехова.+ 28  Потоа Мојсеј го зеде тоа од нивните раце и го изгоре на жртвеникот врз жртвата паленица.+ Тоа беше жртва што се принесува при поставување во свештеничка служба+ за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова.+ 29  Мојсеј ги зеде градите,+ па ги заниша како нишана жртва пред Јехова.+ Тоа беше Мојсеевиот дел+ од овенот принесен за поставување во свештеничка служба, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 30  Мојсеј потоа зеде од маслото за помазание+ и од крвта што беше на жртвеникот, па со нив ги попрска Арон и неговата одежда, а со него и неговите синови и одеждите на неговите синови. Така ги посвети+ Арон и неговата одежда, а со него и неговите синови и одеждите на неговите синови.+ 31  Потоа Мојсеј им рече на Арон и на неговите синови: „Сварете+ го месото на влезот во шаторот на средбата и таму јадете+ го лебот од кошницата што се користи при поставувањето во свештеничка служба, како што ми беше заповедано со зборовите: ‚Арон и неговите синови нека го јадат тоа‘. 32  А она што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.+ 33  Седум дена+ не одете си од влезот во шаторот на средбата, сѐ додека не се навршат деновите на вашето поставување во свештеничка служба, зашто седум дена се потребни за да бидете овластени да служите како свештеници.*+ 34  Како што беше направено денес, така заповеда Јехова да се прави и во останатите денови за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 35  Останете на влезот во шаторот на средбата седум дена,+ дење и ноќе, и вршете му на Јехова стражарска должност+ за да не загинете, зашто така ми е заповедано“. 36  И Арон и неговите синови направија сѐ што беше заповедал Јехова преку Мојсеј.

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Буквално: „за да ви се наполнат рацете“. Види ги фуснотите за 2Мо 28:41 и за Ев 5:9.