4. Мојсеева 28:1-31
28 Јехова понатаму му рече на Мојсеј:
2 „Заповедај им на синовите на Израел и речи им: ‚Погрижете се во пропишаното време+ да ми ги принесувате моите приноси, мојата храна,+ жртвите што ми се палат мене за успокојувачки мирис‘.+
3 Кажи им вака: ‚Ова е палената жртва што ќе му ја принесувате на Јехова: секој ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток како редовна жртва паленица.+
4 Едното јагне принеси го наутро, а другото јагне принеси го приквечер;*+
5 а со нив и десеттина ефа+ фино брашно како житна жртва+ замесена со четврт ин масло од толчени маслинки.+
6 Тоа е редовната жртва паленица+ што беше принесена уште на планината Синај за успокојувачки мирис, жртва палена за Јехова;+
7 принеси ја заедно со нејзината жртва налевница+ од четврт ин за секое јагне.+ Излеј му го на Јехова на светото место опојниот пијалак+ како жртва налевница.
8 Другото јагне принеси го приквечер. Принеси го како и тоа наутро, со истата житна жртва и со истата жртва налевница, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+
9 А на денот за одмор*+ принеси две едногодишни машки јагниња без недостаток и две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло, а со тоа и жртва налевница.
10 Тоа е жртва паленица, која треба да се принесува на денот за одмор, покрај редовната жртва паленица+ и нејзината жртва налевница.+
11 Во почетокот на вашите месеци принесувајте му на Јехова како жртва паленица по два јунца, по еден овен и по седум едногодишни машки јагниња без недостаток;+
12 по три десеттини ефа фино брашно како житна жртва+ замесена со масло за секој јунец, по две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло за овенот+
13 и по една десеттина фино брашно како житна жртва замесена со масло за секое јагне. Тоа е жртвата паленица за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова.
14 Нивните жртви налевници нека бидат: половина+ ин вино за јунец, третина+ ин за овен и четврт+ ин за јагне. Тоа е месечната жртва паленица што се принесува секој месец за секој месец од годината.+
15 Нека му принесуваат на Јехова и по едно јаре+ како жртва за грев, покрај постојаната жртва паленица и нејзината жртва налевница.+
16 Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од тој месец, е Јеховината Пасха,+
17 а на петнаесеттиот ден од тој месец е празник. Седум дена нека се јаде бесквасен леб.+
18 На првиот ден нека има свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+
19 Како жртва паленица, жртва палена+ за Јехова, принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+
20 Како нивни житни жртви+ од фино брашно замесено со масло принесете три десеттини ефа за јунецот и две десеттини ефа+ за овенот.
21 Принесете и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња
22 и по еден јарец како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+
23 Ова принесувајте го покрај утринската жртва паленица што се принесува како редовна+ жртва паленица.+
24 Принесувајте го тоа како храна+ седум дена секој ден, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ Тоа нека се принесува покрај редовната жртва паленица и нејзината жртва налевница.
25 А на седмиот ден одржете свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+
26 На денот на првините,+ кога ќе му принесувате на Јехова нова житна жртва, на Празникот на седмиците,+ одржете свет собир. Не работете никаква тешка работа.+
27 Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња;+
28 нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој јунец, две десеттини ефа+ за овенот
29 и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња;
30 покрај тоа, и едно јаре за да се изврши за вас обредот на очистување.+
31 Принесете ги покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва+ — нека ви бидат без недостаток+ — заедно со нивните жртви налевници.+