5. Мојсеева 19:1-21

19  Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истреби народите+ чија земја ти ја дава Јехова, твојот Бог, и кога ќе ги истераш од нивниот имот и ќе се населиш во нивните градови и во нивните куќи,+  одвој за себе три града среде својата земја, која ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш.+  Направи си пат и раздели го на три дела подрачјето на својата земја, која ти ја дава Јехова, твојот Бог, за да може таму да побегне секој убиец.+  Еден убиец може да побегне таму и да остане жив ако го убие својот ближен ненамерно, без да го мразел пред тоа,+  или ако отиде со својот ближен в шума по дрва, па замавне со секирата в рака за да го пресече дрвото, но железото му се слизне од дрвената дршка+ и го удри неговиот ближен, па тој умре, тогаш нека побегне во еден од тие градови за да остане жив.+  Инаку одмаздникот за крв,+ кој ќе се разгневи во срцето, би можел да го прогонува убиецот и да го стигне — зашто долг е патот — и да го* удри, па овој да умре, иако не заслужува смртна казна+ зашто не го мразел убиениот пред тоа.  Затоа, вака ти заповедам: ‚Одвој си три града!‘+  А кога Јехова, твојот Бог, ќе го прошири твоето подрачје, како што им се заколна на твоите прататковци,+ и кога ќе ти ја даде целата земја која вети дека ќе им ја даде на твоите прататковци+  затоа што ќе ги држиш сите овие заповеди што ти ги давам денес и ќе постапуваш според нив, ќе го сакаш Јехова, својот Бог, и ќе одиш по неговите патишта довека+ — тогаш додај кон оние градови уште три града,+ 10  за да не се пролева невина крв+ среде твојата земја, која ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог, и да не бидеш виновен за крв.+ 11  Но, ако некој го мрази+ својот ближен, го демне и го нападне, па го* удри, и тој умре,+ ако потоа избега во еден од тие градови, 12  старешините на неговиот град нека испратат луѓе за да го изведат оттаму и да му го предадат в раце на крвниот одмаздник за да биде погубен.+ 13  Нека не го жали твоето око,+ туку отстрани ја вината за невина крв од Израел,+ за да ти биде добро. 14  Не поместувај ги меѓите на својот ближен,+ кои ќе ги одредат твоите татковци како граници на твоето наследство што ќе го наследиш во земјата, која Јехова, твојот Бог, ти ја дава да ја заземеш. 15  Нека не станува еден сведок против некого за каков и да е престап или грев,+ сеедно каков грев направил тој. Секое тврдење нека биде потврдено со изјавата на двајца или тројца сведоци.+ 16  Ако стане некаков лажен сведок против некого за да го обвини дека го престапил законот,+ 17  тогаш тие двајца меѓу кои настанал спорот нека застанат пред Јехова, пред свештениците и пред судиите што ќе служат во тоа време.+ 18  И судиите нека спроведат темелна истрага,+ па ако оној сведок е лажен сведок и ако изнел лажно обвинение против својот брат, 19  направете му така како што тој имал намера да му направи на својот брат.+ Отстрани го злото од својата средина!+ 20  Останатите ќе чујат за тоа и ќе ги обземе страв, па нема повеќе да прават такво зло во твојата средина.+ 21  Нека не го жали твоето око:+ душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога.+

Фусноти

Буквално: „неговата душа“.
Буквално: „неговата душа“.