5. Мојсеева 34:1-12
34 Потоа Мојсеј отиде од пустелијата, од моавските рамници, на планината Нево,+ на врвот на Фасга,+ која е спроти Ерихон.+ И Јехова му ја покажа целата земја: Галад до Дан,+
2 и целиот Нефталим и земјата на Ефрем и Манасија и целата земја на Јуда до западното море,+
3 потоа Негев+ и Јорданската Долина,*+ рамницата околу Ерихон, градот на палмите,+ дури до Сигор.+
4 И Јехова му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков: ‚Ќе му ја дадам на твоето потомство‘.+ Ти дозволив да ја видиш со свои очи, зашто во неа нема да влезеш“.+
5 Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ умре таму во моавската земја, според заповедта на Јехова.+
6 И тој* го закопа во долината во моавската земја спроти Вет-Фегор,+ и никој не дозна за неговиот гроб до денешен ден.+
7 Кога умре, Мојсеј имаше сто и дваесет години.+ Неговото око не ослабе,+ и силата не го издаде.+
8 И синовите на Израел го оплакуваа Мојсеј триесет дена+ во пустелијата, во моавските рамници. Потоа завршија деновите на оплакување и тагување по Мојсеј.
9 А Исус, синот на Навин, беше полн со дух на мудроста,+ зашто Мојсеј ја положи раката врз него.+ Израеловите синови го слушаа и правеа како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+
10 Но во Израел повеќе не се појави пророк како Мојсеј,+ кого Јехова го познаваше лице в лице,+
11 со сите знаци и чуда што му ги даде Јехова како на свој пратеник да ги прави во египетската земја врз фараонот и врз сите негови слуги и врз целата негова земја,+
12 и со сѐ што направи неговата силна рака и со сите големи, застрашувачки дела што ги правеше Мојсеј пред очите на целиот Израел.+