Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Заклучок

Заклучок

ЦЕЛТА на оваа брошура не беше опширно да ги разгледа религиозните верувања на Јеховините сведоци. Наместо тоа се потрудивме да објасниме некои од начелата во кои веруваат Сведоците и јасно покажавме на каков вид семејни влијанија е изложен Вашиот ученик кога едниот или обата родители се Сведоци.

Јеховините сведоци ставаат голем нагласок на духовниот развој на своите деца. Тие се уверени дека тоа го засилува развојот на децата и во другите области. Верувањата кои ги прифаќаат и начелата кои ги следат му даваат смисла на нивниот живот и им помагаат да се справат со секојдневните проблеми. Освен тоа тие верувања и начела треба да ги поттикнат да се трудат да бидат марливи ученици и добри граѓани во текот на животот.

Сведоците се трудат да бидат реални во животот. Затоа на образованието му придаваат така големо значење. Според тоа тие имаат желба да соработуваат со Вас најдобро што можат. Што се однесува до нив во своите домови и во местата на обожавање по целиот свет тие ќе продолжат да ги охрабруваат своите деца да ја исполнат својата улога во таа плодна соработка.