Како гледаат на образованието Јеховините сведоци
Како и сите родители Јеховините сведоци се заинтересирани за иднината на своите деца. Затоа тие му придаваат голема важност на образованието. „Образованието треба да им помогне на луѓето да станат корисни членови на општеството. Исто така тоа треба да им помогне да развијат ценење за своето културно наследство и да водат позадоволителен живот.“
1. Тимотеј 5:8). Годините што децата ги минуваат во училиште ги подготвува за одговорностите што ќе ги преземат во животот. Затоа Јеховините сведоци мислат дека образованието треба да се сфати сериозно.
КАКО што укажува овој цитат од The World Book Encyclopedia една од главните цели на школувањето е да ги подготви децата за секојдневниот живот а тоа вклучува и да се оспособат за еден ден и самите да можат да се грижат за потребите на своето семејство. Јеховините сведоци сметаат дека тоа е света одговорност. Самата Библија вели: „Ако некој не се грижи за своите а особено за своите домашни тој се одрекол од верата и полош е од неверник“ („Образованието треба да им помогне на луето да станат корисни членови на општеството. Исто така, тоа треба да им помогне да развијат ценење за своето културно наследство и да водат позадоволителен живот“ (The World Book Encyclopedia).
Сведоците настојуваат да живеат во согласност со библиската заповед: „Сѐ што правите правете го од душата како за Господа а не за луѓе“ (Колосјаните 3:23). Ова начело се однесува на сите аспекти од секојдневниот живот вклучувајќи го и училиштето. Според тоа Сведоците ги поттикнуваат своите деца марливо да учат и сериозно да ги сфаќаат задачите што им се зададени во училиште.
„Сѐ, што правите, правете го од душата, како за Господа“ (Колосјаните 3:23).
Библијата исто така учи за подложност спрема законите на земјата во која некој живее. Затоа кога школувањето е задолжително до одредена возраст Јеховините сведоци се придржуваат на овој закон (Римјаните 13:1-7).
Иако не ја намалува важноста на подготовката за секојдневниот живот Библијата покажува дека тоа не е ниту единствената ниту главната цел на образованието. Успешното образование треба исто така во децата да ја потхранува радоста на животот и да им помогне да заземат свое место во општеството како урамнотежени поединци. Затоа Јеховините сведоци сметаат дека изборот на воншколските активности е многу важен. Тие мислат дека здравата релаксација музиката хобито физичките активности посетите на библиотеки и музеи и слично играат важна улога за едно урамнотежено образование. Освен тоа тие ги учат своите деца да ги почитуваат постарите и да бараат прилики да им помагаат.
Како е со дополнителното образование?
Поради новата технологија можностите за вработување постојано се менуваат. Како резултат на тоа многу млади луѓе ќе мораат да работат во области или со занимања за кои немале посебна обука. Поради таквите околности нивните
работни навики и личната оспособеност а посебно нивната способност да се прилагодуваат на промени ќе им биде уште подрагоцена. Затоа како што се изразил ренесансниот есеист Монтењ многу подобро е учениците да станат возрасни луѓе со ‚добро направена отколку добро наполнета глава‘.Невработеноста која ги погодува и богатите и сиромашните земји честопати претставува закана за младите луѓе кои се недоволно оспособени. Според тоа ако можностите за вработување бараат додатна обука покрај минималната која се бара со законот родителите се должни да ги упатат своите деца при донесувањето на одлука за дополнително образование одмерувајќи ги и потенцијалните користи и жртвите што би ги повлекле со себе таквите дополнителни студии.
Меѓутоа веројатно ќе се согласите дека успехот во животот вклучува многу повеќе отколку само материјална благосостојба. Во поново време мажи и жени чии животи се вртеле околу кариерата изгубиле сѐ откако останале без своите работни места. Некои родители го жртвувале семејниот живот и времето кое можеле да го поминат со своите деца пропуштајќи да им помогнат во созревањето затоа што биле преокупирани со световна работа.
Очигледно едно урамнотежено образование треба да земе предвид дека за вистинска среќа потребно е Матеј 4:4). Како христијани Јеховините сведоци сфаќаат колку е важно да развиваат морални и духовни особини како и да се подготват за да се грижат за материјалните потреби.
многу повеќе отколку само материјалните работи. Исус Христос рекол: „Напишано е — ‚Не само од леб ќе живее човекот а и од секој збор што излегува од устата на Бога‘ “ (