Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховините сведоци се трудат да им всадат на своите деца вистински христијански вредности

Морални вредности кои заслужуваат почит

Морални вредности кои заслужуваат почит

Во текот на историјата храбри мажи и жени зазеле став спротивен на општоприфатеното размислување во нивно време. Тие поднеле политичко религиозно и расно прогонство честопати положувајќи го и животот за своето дело.

ПРВИТЕ христијани биле особено храбри. Во текот на жестоките прогонувања во првите три века многумина биле погубени од страна на паганските Римјани затоа што одбивале да го обожаваат императорот. Понекогаш во арената бил поставуван олтар. За да се здобијат со слобода христијаните требало да запалат само малку темјан во знак на признавање на божествената природа на императорот. Меѓутоа малкумина направиле компромис. Мнозинството повеќе сакало да умре отколку да се откаже од својата вера.

Во денешно време христијанските Сведоци на Јехова заземаат сличен став во поглед на политичката неутралност. На пример нивниот цврст став наспроти нацизмот е историски потврден. Пред и за време на Втората светска војна приближно една четвртина германски Сведоци го загубиле својот живот главно во концентрациони логори затоа што останале неутрални и одбивале да кажат „Хајл Хитлер“. Малите деца биле присилно одвоени од родителите Сведоци. И покрај притисокот овие мали деца останале цврсти и не сакале да се заразат со небиблиските учења што другите се обиделе да им ги наметнат.

Поздравување на знамето

Јеховините сведоци денес обично не се мета на такви огорчени прогонувања. Сепак понекогаш се појавуваат недоразбирања поради совесната одлука на младите Сведоци да не учествуваат во патриотските церемонии како што е на пример поздравувањето на знамето.

„Вратете му го на Цезарот она што му припаѓа на Цезарот — а на Бог она што му припаѓа на Бога“

Децата на Јеховините сведоци се поучени да не ги одвраќаат другите да го поздравуваат знамето; за тоа треба да си одлучи секој сам. Ставот на самите Сведоци меѓутоа е цврст: Тие не го поздравуваат знамето на ниту една нација. Тоа секако не е со намера да се покаже непочитување. Го почитуваат знамето на земјата во која живеат а тоа почитување го покажуваат преку послушноста спрема државните закони. Никогаш не се занимаваат со противдржавни активности од кој и да било вид. Всушност Сведоците веруваат дека сегашните човечки влади претставуваат ‚Божје уредување‘ (НС) на кое тој му дозволил да постои. Затоа сметаат дека се наоѓаат под божествена заповед да ги плаќаат даноците и да ги почитуваат таквите ‚претпоставени власти‘ (Римјаните 13:1-7). Тоа е во согласност со Исусовата позната изјава: „Вратете му го на Цезарот она што му припаѓа на Цезарот — а на Бог она што му припаѓа на Бога“ (Матеј 22:21 католичка Jerusalem Bible).

Некои можат да прашаат: ‚Но зошто тогаш Јеховините сведоци не го почитуваат знамето со поздравување?‘ Тоа е затоа што тие гледаат на поздравувањето на знамето како на чин на обожавање а обожавањето му припаѓа само на Бог; тие не можат со чиста совест да обожаваат било кого или било што освен Бог (Матеј 4:10; Дела 5:29). Според тоа многу ценат кога педагозите го почитуваат ова убедување и на децата Сведоци им дозволуваат да се придржуваат на своите верувања.

Не изненадува тоа што Јеховините сведоци не се единствените кои мислат дека поздравувањето на знамето е поврзано со обожавањето како што покажуваат следниве коментари:

„Првобитните знамиња биле речиси од чисто религиозен карактер... Се чини дека секогаш се барало религијата да им даде светост на националните знамиња“ (нагласено од нас Encyclopædia Britannica).

„Знамето како и крстот е свето... Правилата и одредбите кои се однесуваат на човечкиот став спрема националните симболи користат силни впечатливи зборови како на пример: ‚Служење на знамето‘.. ‚Обожавање на знамето‘ ‚Оддаденост на знамето‘ “ (нагласено од нас The Encyclopedia Americana).

„Христијаните одбивале... да принесуваат жртви на божественоста на [римскиот] цар — тоа е скоро исто како денешното одбивање да се поздрави знамето или да се повтори заклетвата на верност“ (Those About to Die 1958 од Даниел П. Маникс страница 135).

Тројца млади еврејски мажи не сакале да се поклонат пред статуата која ја подигнал вавилонскиот цар Навуходоносор

Значи со тоа што Јеховините сведоци не го поздравуваат знамето тие немаат намера да покажат непочитување спрема некоја влада или спрема нејзините владари. Едноставно тие нема како чин на обожавање да се поклонат пред некаква слика која ја претставува државата или пак да ја поздрават. Нивното гледиште за тоа е слично на ставот што го зазеле тројцата млади еврејски мажи од библиско време кои не сакале да се поклонат пред статуата што ја подигнал вавилонскиот цар Навуходоносор во полето Деир (Даниил 3:1⁠-23, 91⁠-97). Значи додека другите го поздравуваат знамето и се заколнуваат на приврзаност децата на Јеховините сведоци се поучени да ја следат својата библиски школувана совест. Па така тие се воздржуваат од тоа на еден мирен начин и со почитување. Од слични причини децата на Сведоците одлучуваат да не учествуваат кога се пеат или се свират национални химни.

Правото на родителите

Во денешно време повеќето држави го почитуваат правото на родителите да им дадат религиозна поука на своите деца согласно со своите убедувања. Сите религии го поддржуваат тоа право како што е илустрирано со канонскиот закон кој сѐ уште важи во католичката црква: „Поради тоа што им дале живот на своите деца родителите имаат сериозна одговорност да ги школуваат а и имаат право на тоа; затоа се должни на своите деца првенствено да им дадат христијанско школување според црковната доктрина“ (Канон 226).

Децата се охрабрени да покажуваат интерес за другите

Јеховините сведоци не бараат повеќе од тоа. Како грижливи родители тие се трудат на своите деца да им всадат вистински христијански вредности и да им влеат љубов кон ближниот и почитување кон имотот на другите луѓе. Тие сакаат да го следат советот што апостол Павле им го дал на христијаните во Ефес: „Родители не постапувајте со своите деца на начин што ги разлутува. Напротив одгледувајте ги во христијанска стега и поука“ (Ефесјаните 6:4 Today’s English Version).

Религиозно разделени домови

Во некои семејства само едниот родител е Јеховин сведок. Во таква ситуација родителот Сведок е охрабрен да го признае правото на родителот кој не е Сведок да ги поучува децата според своите религиозни убедувања. Децата кои се изложени на различни религиозни погледи доживуваат мали или немаат никакви лоши последици. * Всушност секое дете мора да одлучи која религија ќе ја следи. Се разбира сите млади луѓе не се одлучуваат да ги следат религиозните начела на своите родители без разлика дали се Јеховини сведоци или не.

Правото на децата на слобода на совест

Треба исто така да знаете дека Јеховините сведоци ѝ придаваат голема важност на христијанската совест на поединецот (Римјаните 14:1-23). Конвенцијата за права на детето усвоена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1989 го призна правото на детето на „слобода на мисла совест и религија“ и правото „слободно да го изразува своето мислење и тоа мислење да се земе предвид во која и да било работа или постапка што се однесува на детето“.

Не постојат две деца кои се потполно идентични. Затоа разумно е да се очекуваат разлики во одлуките што ги донесуваат младите Сведоци или другите ученици кога станува збор за одредени активности и задачи во училиштето. Се надеваме дека и Вие ќе се согласите со начелото за слобода на совеста.

^ Во врска со децата од религиозно мешани бракови Стивен Кар Рубин доктор на науки во својата книга Raising Jewish Children in a Contemporary World (Одгледување на еврејски деца во еден современ свет) забележува: „Децата се збунети кога родителите водат живот на дволичност конфузија таинственост и избегнување на религиозните прашања. Кога родителите се отворени чесни и јасни по прашање на сопствените верувања вредности и обрасци на славење децата ќе пораснат во сигурност и со чувство на самопочитување во религиозната сфера кои се пресудни за развојот на нивното целокупно самопочитување и спознание за своето место во светот“.