Образовни програми
Јеховините сведоци низ целиот свет се познати по нивното библиско образовно дело.
ПОРАДИ важноста што му ја придаваат на своето библиско образовно дело некои можеби мислат дека тие не се заинтересирани за световното образование. Но тоа не е вистина. За да може да ги поучува другите учителот мора прво самиот да научи а тоа изискува правилно школување и обука. Затоа Јеховините сведоци освен што добро го користат световното образование
со години извлекуваат корист од разновидните образовни програми и школи кои ги организира Друштвото Стражарска кула. Овие школи им помогнале на Сведоците и на другите луѓе да се подобрат умствено морално и духовно.На пример во многу земји Сведоците се соочуваат со посебен предизвик — како да ги поучат луѓето кои имале малку или немале никаква прилика да добијат соодветно школување и затоа не знаат да читаат и да пишуваат. За да се задоволи таа потреба Друштвото Стражарска кула има организирано програми за описменување.
На пример во Нигерија Јеховините сведоци водат класови за описменување уште од 1949. Благодарение на тие класови, илјадници луѓе во Нигерија научиле да читаат. Една анкета покажала дека преку 90 проценти од Јеховините сведоци во Нигерија се писмени, во споредба со помалку од 50 проценти од останатото население. Во Мексико, Јеховините сведоци водат часови за описменување уште од 1946 година. Во текот на една година, преку 6.500 лица научиле да читаат и да пишуваат. Всушност, на повеќе од 100.000 луѓе им беше помогнато да научат да читаат и да пишуваат. Во текот на годините, класови за описменување беа организирани и во многу други земји, како на пример во Боливија, Замбија, Камерун и Непал. Јеховините сведоци издадоа повеќе од седум милиони примероци од брошурата Посвети се на читањето и пишувањето на преку 100 јазици.
Образовните институции честопати им оддаваат признание на таквите програми за описменување во земјите каде што се водат. На пример во Мексико еден службеник напишал: „Благодарен сум ви за вашата соработка и во името на државната власт ви пренесувам најсрдечни честитки за вашата благородна прогресивна работа која е од корист за луѓето бидејќи со спознанието ги просветлува неписмените... Ви пожелувам успех во вашето образовно дело“.
Додатна обука
Поради тоа што му придаваат големо значење на своето библиско образовно дело, Јеховините сведоци се трудат да ја подобрат својата вештина да им ги објаснат библиските учења на другите. На пример, низ целиот свет тие имаат повеќе од 119.000 собранија, и во секое од нив членовите на собранието добиваат обука за да ги подобруваат своите вештини на јавно читање и говорење. Дури и најмладите веднаш штом ќе научат да читаат можат да се запишат во оваа школа и да се здобијат со оваа обука која ќе им користи и во други области вклучувајќи го и нивното световно школување. Многу педагози коментирале дека учениците кои се Сведоци многу добро се изразуваат.
Освен тоа секое собрание на Јеховините сведоци е охрабрено да има во својата Сала на Царството или на местото на состанување една библиотека која ќе содржи помошни средства за проучување на Библијата речници и други прирачници. Оваа библиотека е достапна за сите кои присуствуваат на состаноците во Салата на Царството. Во нивните собранија срдечно се охрабрува на читање а исто така и секое семејство е охрабрено да има своја семејна библиотека со широк избор на публикации за да се задоволат потребите на децата и на возрасните.
Дополнително школување
Друштвото Стражарска кула исто така организира школи за оспособување на мисионери и машки и женски лица како и школи за оспособување на мажи кои имаат службени одговорности во месните собранија. Овие школи се понатамошен доказ дека Јеховините сведоци му придаваат голема важност на образованието.