Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предизвикот на религиозната разноликост

Предизвикот на религиозната разноликост

Како педагог соочен сте со предизвик со кој педагозите во минатите векови ретко се сретнувале — религиозната разноликост.

ВО ТЕКОТ на средниот век граѓаните од иста земја обично практицирале иста религија. До крајот на XIX век на Европа ѝ биле познати само неколку главни религии: католицизмот и протестантизмот на запад православјето и исламот на исток и јудаизмот. Без сомнение како во Европа така и во светот разноликоста е многу повообичаена денес. Биле основани непознати религии — присвоени од домашното население или пак донесени од имигрантите или од бегалците.

Затоа во земјите како што се на пример Австралија Британија Германија Соединетите Американски Држави и Франција денес можат да се најдат многу муслимани будисти и хиндуси. Истовремено како христијани Јеховините сведоци активно служат во 239 земји. Во 14 од нив бројот на активните членови е поголем од 150.000. (Види ја рамката „ Јеховини сведоци — светска религија.“

Разноликоста на месните религиозни обичаи за педагогот може да претставува предизвик. На пример можат да се појават некои важни прашања во врска со општоприфатените празници. Треба ли сите празници да му бидат наметнати на секој ученик — без оглед на неговата или нејзината религија? Мнозинството можеби нема да најде ништо лошо во таквите прослави. Меѓутоа зарем не треба да се почитува и гледиштето на семејствата кои припаѓаат на некоја група која е во малцинство? Има уште еден фактор кој треба да се земе предвид: Во земјите каде што законот ја одвојува религијата од државата и каде што религиозното воспитување не мора да се вклопи во наставниот план зарем нема за некои да изгледа недоследно ако таквите прослави се воведат како задолжителни во училиштето?

Родендени

Можат да се појават недоразбирања дури и околу прослави кои имаат малку или немаат никаква врска со религијата. Тоа важи за родендените кои се прославуваат во многу училишта. Иако Јеховините сведоци го почитуваат правото на другите да слават родендени несомнено добро Ви е познато дека тие одлучиле да не учествуваат во таквите прослави. Но можеби не ги знаете причините зошто одлучиле и тие и нивните деца да не учествуваат во тие прослави.

Le livre des religions (Книга за религиите) енциклопедија која е нашироко дистрибуирана во Франција овој обичај го нарекува ритуал и го вбројува меѓу „световните ритуали“. Иако денес се гледа на нив како на безопасен световен обичај роденденските прослави всушност влечат корени од паганизмот.

The Encyclopedia Americana (издание од 1991) наведува: „Древниот свет на Египет Грција Рим и Персија ги прославувал родендените на боговите кралевите и на благородниците“. Авторите Ралф и Аделин Линтон ја откриваат основната причина за тоа. Во својата книга The Lore of Birthdays (Учењата за родендените) тие пишуваат: „Месопотамија и Египет лулките на цивилизацијата биле првите земји каде што луѓето им придавале важност и ги славеле своите родендени. Водењето евиденција за датумот на раѓање било важно во старо време главно поради тоа што датумот на раѓањето бил битен за да се направи хороскоп“. Оваа директна врска со астрологијата е од голема важност за секој кој ја избегнува астрологијата поради она што Библијата го кажува за неа (Исаија 47:13-15).

Тогаш не е ни чудо што во The World Book Encyclopedia читаме: „Раните христијани не го славеле Неговото [Христовото] раѓање бидејќи славењето на чиј и да е роденден го сметале за пагански обичај“ (том 3 страница 416).

Сведоците се радосни кога можат да се забавуваат заедно

Имајќи ги на ум горенаведените информации Јеховините сведоци одлучуваат да не учествуваат во роденденските прослави. Секако дека раѓањето на детето е радосен и прекрасен настан. Сосема нормално сите родители се радуваат додека од година во година нивните деца растат и се развиваат. Исто така и Јеховините сведоци радосно ја покажуваат својата љубов спрема семејството и пријателите така што си подаруваат подароци и се забавуваат заедно. Меѓутоа со оглед на потеклото на роденденските прослави претпочитаат да го прават тоа во друго време во текот на годината (Лука 15:22-25; Дела 20:35).

Божиќ

Божиќ се слави низ целиот свет дури и во многу нехристијански земји. Бидејќи овој празник е прифатен од мнозинството религии во христијанскиот свет може да изгледа прилично чудно што Јеховините сведоци не го слават. Зошто е тоа така?

Како што многу енциклопедии јасно наведуваат Исусовиот роденден бил произволно ставен на 25 декември за да се совпадне со еден римски пагански празник. Обрни внимание на следниве изјави земени од различни научни дела:

„Датумот на Христовото раѓање не е познат. Евангелијата не го покажуваат ниту денот ниту месецот“ (New Catholic Encyclopedia том III страница 656).

„Римскиот празник Сатурналии го поставил моделот за повеќето свечени обичаи во времето на Божиќ“

„Повеќето божиќни празници кои сега преовладуваат во Европа или пак се одбележувале порано не се вистински христијански обичаи туку пагански обичаи кои Црквата ги присвоила или ги толерирала ... Римскиот празник Сатурналии го поставил моделот за повеќето свечени обичаи во времето на Божиќ“ (Encyclopædia of Religion and Ethics Единбург 1910 издадено од Џејмс Хејстингс том III страници 608 609).

„Од четвртиот век па наваму Божиќ се слави на 25 декември во сите христијански цркви. Во тоа време тоа било датумот на празникот на паганската зимска рамноденица наречен ‚раѓањето (латински natale) на Сонцето‘ бидејќи изгледало дека Сонцето повторно се раѓа затоа што деновите повторно станувале подолги. Во Рим Црквата го присвоила овој многу популарен обичај... давајќи му ново значење“ (Encyclopædia Universalis 1968 [француски] том 19 страница 1375).

„Споредбата со паганските прослави на Sol Invictus (Митра) влијаела врз развојот на божиќниот празник. Од друга страна пак 25 декември како ден на зимската рамноденица се изедначил со светлината која болснала во светот преку Христос и на тој начин симболизмот на Sol Invictus се префрлил на Христос“ (Brockhaus Enzyklopädie [германски] том 20 страница 125).

Како реагирале некои кога ги дознале фактите за Божиќ? The Encyclopædia Britannica забележува: „Во 1644 англиските пуританци со закон донесен од Парламентот забраниле секаква веселба или религиозна служба врз основа на тоа што [Божиќ] бил пагански празник и наредиле да се држи како пост. Чарлс II повторно го вовел празникот но Шкотите се држеле за пуританското гледиште“. Раните христијани не славеле Божиќ а исто и Јеховините сведоци денес не го слават ниту пак учествуваат во активностите што се поврзани со Божиќ.

Меѓутоа Библијата поволно зборува за давање на подароци или за поканување на роднини и пријатели на некој радосен оброк во некои други прилики. Таа ги охрабрува родителите да ги учат своите деца да бидат дарежливи од срце а не да даваат подароци само затоа што се очекува да го прават тоа (Матеј 6:2, 3). Децата на Јеховините сведоци се поучени да бидат толерантни и да имаат почитување а тоа вклучува и да го признаваат правото на другите да го слават Божиќ. Од друга страна пак ценат кога се почитува нивната одлука да не учествуваат во божиќни прослави.

Други празници

Јеховините сведоци го заземаат истиот став и спрема други верски или полуверски празници кои се јавуваат во текот на школската година во различни земји како што се јунските празници во Бразил Епифани во Франција Карневалот во Германија Сецубун во Јапонија и Халовин во Соединетите Американски Држави. Во врска со овие или други посебни празници што не се спомнати овде сигурно родителите Сведоци или нивните деца со задоволство ќе Ви одговорат на кое и да било прашање.