Улогата на родителите
Без сомнение во денешново општество не е лесно да се одгледаат деца кои ќе станат урамнотежени возрасни луге.
НАЦИОНАЛНИОТ институт за ментално здравје на САД ги објави резултатите од една анкета на родители кои се сметале за успешни а чии деца на преку 21-годишна возраст „се многу продуктивни зрели луѓе кои очигледно добро се вклопиле во нашето општество“. Тие родители биле запрашани: ‚На темел на Вашето лично искуство кој е најдобриот совет што можете да им го дадете на другите родители?‘ Најчестите одговори биле
следниве: ‚Сакајте ги изобилно‘ ‚карајте ги на разумен начин‘ ‚бидете заедно‘ ‚учете ги вашите деца да разликуваат добро од лошо‘ ‚развивајте меѓусебно почитување‘ ‚бидете внимателни слушатели‘ ‚наместо да им држите лекции дајте им водство‘ и ‚бидете реални‘.Родителите меѓутоа не се сами во настојувањето да создадат добро приспособени млади возрасни луѓе. Педагозите исто така играат клучна улога во тоа. Еден искусен школски советник забележал: „Првенствената цел на задолжителното образование е да ги поддржува родителите во формирањето на одговорни млади луѓе кои се интелектуално физички и емоционално добро развиени“.
Значи родителите и педагозите имаат иста цел — да формираат млади луѓе кои подоцна ќе станат зрели и урамнотежени возрасни кои му се радуваат на животот и кои се способни да си го најдат местото во општеството во кое живеат.
Соработници а не натпреварувачи
Меѓутоа кога родителите не соработуваат со педагозите се појавуваат проблеми. На пример некои родители се потполно рамнодушни спрема образованието на своите деца; други се обидуваат да се натпреваруваат со наставниците. Дискутирајќи за оваа ситуација едно француско списание навело: „Наставникот повеќе не е единствениот капетан на бродот. Родителите кои се опседнати со успехот на своите деца ги расчленуваат учебниците ги осудуваат и ги критизираат наставните методи и веднаш реагираат на првата лоша оценка на нивните деца“. Таквите постапки можат да ги загрозат правата кои им припаѓаат исклучително на наставниците.
Јеховините сведоци сметаат дека на децата може подобро да им се помогне ако родителите соработуваат со педагозите имајќи активен и корисен интерес за образованието на нивните деца. Тие веруваат дека таквата соработка е особено важна затоа што Вашата работа како педагог станала многу тешка.
Школски проблеми денес
Како одраз на општеството на кое припаѓаат училиштата не се заштитени од проблемите на општеството во целина. Со текот на годините општествените проблеми рапидно се зголемија. Опишувајќи ги условите во едно училиште во Соединетите Американски Држави The New York Times известува: „Учениците спијат на час се закануваат едни на други во ходниците испишани со графити ги омаловажуваат добрите ученици... Скоро сите ученици се борат со проблеми како на пример да се грижат за бебиња да се справат со родители кои се во затвор и да се борат со улично насилство. Секој ден скоро една петтина од учениците се отсутни“.
Особено алармантен е меѓународниот проблем на насилство во училиштата кој е во пораст. Повремените тепачки со туркање и удирање се заменети со пукања и со убоди од нож. Оружјето станало повообичаено нападите пожестоки а децата побрзо и на порана возраст прибегнуваат кон насилство.
Се разбира секоја земја не се соочува со такви мрачни околности. Меѓутоа многу педагози по целиот свет се соочуваат со состојбата спомената во францускиот неделник Le Point: „Наставникот повеќе не се почитува; тој нема авторитет“.
Таквото непочитување спрема авторитетот наметнува вистинска опасност за сите деца. Затоа Јеховините сведоци се трудат во своите деца да всадат послушност и почитување спрема авторитетот — особини кои често недостигаат во школскиот живот денес.