Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Власти

Власти

На која влада ѝ се лојални и послушни вистинските христијани?

Мт 6:9, 10, 33; 10:7; 24:14

Види и Да 7:13, 14

  • Библиски извештаи:

    • Пс 89:18-29 — Во овој извештај е опишан месијанскиот Цар; Јехова му дал власт поголема од сите други владетели

    • От 12:7-12 — На почетокот од последните денови, месијанскиот Цар почнал да владее, и Сатана бил исфрлен од небото

Каква улога поврзана со Божјето Царство имаат помазаните христијани на Земјата?

Христијаните ги почитуваат властите

Зошто сме им послушни на законите и плаќаме даноци?

Ри 13:1-7; Тит 3:1; 1Пе 2:13, 14

Види и Де 25:8

  • Библиски извештај:

    • Мт 22:15-22 — Исус на многу мудар начин дал одговор на прашањето дали неговите ученици треба да плаќаат даноци

Зошто не се одмаздуваме дури и кога сме прогонувани?

Христијаните се неутрални

Зошто христијаните со почит одбиваат да му бидат непослушни на Јехова дури и кога властите го бараат тоа од нив?

Де 4:18-20; 5:27-29

  • Библиски извештаи:

    • Да 3:1, 4-18 — Тројца млади Евреи одбиле да послушаат еден вавилонски закон кој не бил во склад со Божјиот закон

    • Да 6:6-10 — Остарениот пророк Даниел одбил да ја послуша царската одредба според која не смеел да му се моли на Јехова

Како Исус покажал дека христијаните треба да останат неутрални во политички поглед?

Како може Божјите закони во врска со идолопоклонството да им помогнат на христијаните да останат неутрални?

2Мо 20:4, 5; 1Ко 10:14; 1Јо 5:21

  • Библиски извештај:

    • Да 3:1, 4-18 — Цар Навуходоносор подигнал еден кип, кој можеби бил посветен на богот Мардук, и им заповедал на сите свои поданици да го обожаваат

Според кои библиски начела може да се води еден христијанин доколку добие наредба да учествува во војна?

Иса 2:4; Јвн 18:36

Види и Пс 11:5

  • Библиски извештаи:

    • Мт 26:50-52 — Исус јасно ставил до знаење дека неговите следбеници нема да учествуваат во војни

    • Јвн 13:34, 35 — Еден христијанин би можел да се праша: „Дали ќе бидам послушен на оваа заповед од Исус ако одам во војна и се борам против луѓе од друга земја, па можеби дури и убијам некој мој соверник?“

Зошто христијаните не учествуваат во протести против властите?

Зошто христијаните денес не треба да бидат изненадени доколку се обвинети дека дејствуваат против некоја влада или дека го нарушуваат мирот?

Лк 23:1, 2; Јвн 15:18-21

  • Библиски извештај:

    • Де 16:19-23 — Апостол Павле и Сила страдале поради тоа што проповедале