Вовед
Со помош на публикацијата Библиски стихови за нашиот живот полесно ќе најдеш библиски стихови и извештаи што ќе ти помогнат да се справиш со проблемите со кои се соочуваш. Исто така, ќе ти помогне да најдеш соодветни библиски стихови за да ги охрабриш другите и за да им помогнеш да носат одлуки со кои ќе го слават Јехова. Избери ја темата која те интересира. Под секоја тема ќе најдеш прашања и кратки описи на библиски извештаи кои ќе ти бидат од помош. (Види го делот рамката „ Како да ја користиш оваа публикација“.) За кратко време ќе најдеш библиски стихови кои ќе ти ги дадат советите, водството и утехата што ти се потребни. Освен тоа, ќе најдеш духовни бисери што можеш да ги споделиш со другите — библиски стихови што може да ги охрабрат и да им помогнат да се справат со проблемите.
Во оваа публикација не се наведени сите стихови кои се однесуваат на одредена тема, но таа е одлична појдовна точка за истражување (Из 2:1-6). За подлабоко да истражуваш, би можел да ги користиш маргиналиите во Свето писмо — превод Нов свет, па дури и белешките во Изданието на Библијата за проучување на јазик кој го разбираш. Користи го Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци за да научиш нешто повеќе во врска со значењето на некој стих или неговата примена. Во оваа публикација се наведени референци од кои можеш да добиеш повеќе информации за одреден стих. Од најновите референци ќе можеш да дознаеш кои се најновите разбирања на библиските вистини.
Се надеваме дека публикацијата Библиски стихови за нашиот живот ќе ти помогне да ги пронајдеш мудроста, знаењето и разбирањето кои се наоѓаат во Библијата. Додека ја користиш оваа публикација, уште повеќе ќе се увериш дека „речта Божја е жива и делотворна“ (Ев 4:12).