Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Грев

Грев

Што е грев, и зошто сите грешиме?

Како Библијата нѐ уверува дека можеме да се бориме против грешните склоности?

Ри 6:12-14

  • Библиски извештаи:

    • 2Са 11:2-5, 14, 15, 26, 27; 12:1-13 — Цар Давид направил тешки гревови, добил строг укор и вложил голем труд за да се смени

    • Ри 7:15-24 — Апостол Павле, кој е извонреден пример за вера и оддаденост, ја опишал својата борба со сопствените грешни склоности

Зошто многу луѓе грешат?

Зошто е многу сериозно ако намерно продолжуваме да правиме нешто што знаеме дека е погрешно?

Што може Сатана да користи за да ги наведе Божјите слуги на грев?

Из 1:10, 11, 15; Мт 5:28; Јк 1:14, 15

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 3:1-6 — Преку една змија, Сатана ја навел Ева на грев така што ги искористил нејзините себични желби и така што ѝ ја поткопал довербата во Јехова

    • Из 7:6-10, 21-23 — Цар Соломон опишал како едно неразумно момче попуштило на искушението од една неморална жена

Како може да се спротивставиме на искушенијата од Сатана?

Еф 4:27; 6:10-18; Јк 4:7, 8

  • Библиски извештаи:

    • Из 5:1-14 — Цар Соломон, под водство на светиот дух, дал татковски совет за тоа зошто треба и како може да се чуваме од сексуален неморал

    • Мт 4:1-11 — Исус се спротивставил на лукавите искушенија од Сатана со помош на Божјата Реч, и со тоа ни оставил совршен пример

Кои се некои тешки гревови кои христијаните треба да внимаваат да не ги направат?

Признавање гревови

Зошто не треба да се обидуваме да ги скриеме нашите гревови?

Кому треба да му ги признаеме сите гревови?

Кој е нашиот помошник што се зазема за нас кај Јехова?

Како некој може да покаже дека се покајал за својот грев?

Де 26:20; Јк 4:8-10

Види и „Каење

  • Библиски извештаи:

    • 2Мо 22:1-12 — Мојсеевиот закон барал од еден крадец да им ја надомести штетата на жртвите за она што го украл

    • Лк 19:8, 9 — Главниот даночник Закхеј покажал дека се покајал со тоа што се променил и со тоа што им го вратил на луѓето она што го изнудил од нив

Зошто може да бидеме уверени дека Јехова ќе ни прости?

Види „Простување

Кому Јехова му дал одговорност да пружи помош и да го заштити собранието кога некој ќе направи тежок грев?

Како тоа што некој направил тежок грев може да влијае врз неговото семејство или врз собранието?

Ев 12:15, 16

Види и 5Мо 29:18

  • Библиски извештаи:

    • ИсН 7:1-13, 20-26 — Ахан му нанел неволја на целиот Израел со тоа што направил тежок грев и се обидел да го скрие

    • Јон 1:1-16 — Бидејќи се побунил против Јехова, пророкот Јона го довел во опасност животот на сите што биле на бродот со него

    • 1Ко 5:1-7 — Апостол Павле разоткрил дека некој во Коринт прави тежок грев и со тоа му нанесува штета на целото собрание

Зошто не треба да дозволиме стравот од тоа дека ќе добиеме укор да нѐ спречи да побараме помош од старешините?

Зошто треба да го прифатиме фактот дека Бог ни простил наместо постојано да чувствуваме вина за гревот што сме го направиле во минатото?

Види „Простување

Ако знаеме дека некој направил тежок грев, зошто треба да се погрижиме тој да зборува за тоа со старешините од собранието?

3Мо 5:1

  • Библиски извештај:

    • 5Мо 13:6-9; 21:18-20 — Мојсеевиот закон барал од еден Израелец да разоткрие грев дури и ако станувало збор за член од семејството или некој близок пријател