Деца; млади
Божјето гледиште за децата
Како Јехова покажува дека децата и младите се скапоцени за него?
5Мо 6:6, 7; 14:28, 29; Пс 110:3; 127:3-5; 128:3, 4; Јк 1:27
Види и Јов 29:12; Пс 27:10; Из 17:6
Види и „Семејство“
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 1:27, 28 — Подигањето деца било важен дел од првобитната намера на Јехова — Земјата да биде населена со луѓе
-
1Мо 9:1 — По Потопот, Јехова им рекол на Ное и на неговите синови да имаат деца и да ја наполнат Земјата со луѓе
-
1Мо 33:5 — Јаков, кој верно му служел на Јехова, гледал на своите деца како на дар од Бог
-
Мр 10:13-16 — Исус ги сакал децата, и со тоа покажал колку Јехова ги сака
-
Како гледа Јехова на оние што ги искористуваат или експлоатираат децата?
Кои библиски начела покажуваат дека не треба да очекуваме од децата да извршуваат улоги или да прават работи што се својствени за возрасните?
-
Библиски извештај:
-
1Мо 33:12-14 — Јаков бил свесен дека неговите деца немаат толку сила и дека нема да можат да држат чекор со возрасните
-
Дали Бог е виновен за тоа што децата страдаат?
Што нѐ уверува дека Јехова ќе му стави крај на страдањето што го доживуваат и младите и постарите?
Доколку родителите на некои деца биле лош пример или се однесувале лошо со нив, дали тоа значи дека децата помалку вредат од другите или дека и тие ќе ги направат истите грешки?
Види и 5Мо 30:15, 16
-
Библиски извештаи:
-
2Ца 18:1-7; 2Ле 28:1-4 — Иако татко му бил злобен човек кој погубил некои од своите деца, Езекија сепак му бил послушен на Јехова и бил добар цар
-
2Ца 21:19-26; 22:1, 2 — И покрај тоа што татко му, Амон, бил многу злобен цар, Јосија сепак бил добар и верен цар
-
1Ко 10:11, 12 — Апостол Павле објаснил дека ние можеме да учиме од грешките на другите и да одлучиме да не ги повториме истите
-
Фп 2:12, 13 — Апостол Павле нѐ потсетил дека ние самите треба да работиме на своето спасение
-
Одговорностите на децата и младите
Како гледа Јехова на децата кои живеат во семејство во кое барем еден од родителите му служи на Јехова?
-
Библиски извештај:
-
1Мо 19:12, 15 — Една причина зошто ангелите ги заштитиле ќерките на Лот била тоа што нивниот татко бил праведен човек
-
Дали децата чии родители имаат добар однос со Бог треба да заклучат дека и тие автоматски ќе бидат блиски со него?
-
Библиски извештаи:
-
3Мо 10:1-3, 8, 9 — Синовите на првосвештеникот Арон биле погубени можеби затоа што биле пијани
-
1Са 8:1-5 — Иако Самоил бил праведен пророк, неговите синови биле нечесни
-
Што треба да прават децата за да го радуваат Бог?
Зошто младите треба да присуствуваат на собраниските состаноци?
-
Библиски извештај:
-
Мт 15:32-38 — Меѓу оние што го слушале Исус имало и деца
-
Од каде знаеме дека Јехова сака децата да го обожаваат?
-
Библиски извештаи:
-
1Са 17:4, 8-10, 41, 42, 45-51 — Јехова го одбранил своето име така што го употребил младиот Давид за да порази еден злобен џин
-
2Ца 5:1-15 — Јехова употребил едно мало израелско девојче за да му помогне на Нааман, заповедникот на сириската војска, да дознае за вистинскиот Бог
-
Мт 21:15, 16 — Исус ги ценел младите бидејќи му оддале чест како на Месија
-
Како гледа Јехова на децата чии родители не му служат нему?
-
Библиски извештаи:
-
4Мо 16:25, 26, 32, 33 — Кога некои мажи се побуниле против Мојсеј и Арон, Јехова ги казнил тие мажи заедно со нивните семејства што ги поддржале
-
4Мо 26:10, 11 — Иако бунтовниот Кореј бил погубен, неговите синови не биле погубени бидејќи му биле верни на Бог
-
Зошто младите треба мудро да избираат со кого ќе се дружат?
Какви пријатели треба да си избираат младите кои му служат на Јехова?
Види и „Пријателства“