Заветување
Кој е исправниот мотив за некој да му го заветува животот на Јехова?
Види и 2Мо 20:5
Како треба да гледа на Библијата некој што сака да му служи на Бог?
Што направил Бог за да нѐ ослободи од гревот, и што мора да признаеме во врска со тоа?
Што значи да се покаеме за лошите работи кои сме ги правеле?
-
Библиски извештаи:
-
Лк 19:1-10 — Закхеј, кој бил главен даночник, се покајал за тоа што изнудувал пари од луѓето, и им ги вратил назад
-
1Ти 1:12-16 — Апостол Павле објаснил како го оставил својот поранешен начин на живот и како му биле простени гревовите поради милоста на Бог и Христос
-
Освен што треба да престанеме да постапуваме погрешно, што друго треба да правиме?
За кои мерила мора да се држиме за да му служиме на Бог на прифатлив начин?
1Ко 6:9-11; Кол 3:5-9; 1Пе 1:14, 15; 4:3, 4
-
Библиски извештаи:
-
1Ко 5:1-13 — Апостол Павле му дал упатство на собранието во Коринт да отстрани од својата средина човек кој вршел сексуален неморал
-
2Ти 2:16-19 — Апостол Павле го предупредил Тимотеј да се чува од отпаднички идеи, кои се ширеле како гангрена
-
Каков став треба да имаат слугите на Бог во однос на работите од овој свет?
-
Библиски извештаи:
-
Јвн 6:10-15 — Откако Исус со чудо нахранил едно големо мноштво, луѓето сакале да го направат цар, но тој си заминал
-
Јвн 18:33-36 — Исус објаснил дека неговото Царство нема ништо со човечките влади
-
Како светиот дух ни помага да му служиме на Бог?
-
Библиски извештај:
-
Де 15:28, 29 — Водечкото тело во Ерусалим со помош на светиот дух донело една значајна одлука во врска со обрежувањето
-
Во кој поглед треба да се угледаме на Исус во службата за Јехова?
Зошто некој што му го заветувал животот на Јехова треба да се крсти?
Мт 28:19, 20; Де 2:40, 41; 8:12; 1Пе 3:21
-
Библиски извештаи:
-
Мт 3:13-17 — Со тоа што се крстил, Исус покажал дека е спремен да ја врши волјата на својот Татко
-
Де 8:26-39 — Еден етиопски дворјанин, кој веќе бил преобратеник во еврејската вера, бил спремен да се крсти откако ја слушнал добрата вест за Исус Христос
-