Истрајност
Дали на слугите на Јехова им е потребна истрајност?
Зошто треба да очекуваме дека некои луѓе ќе бидат рамнодушни, па дури и дека ќе ни се противат кога проповедаме?
Мт 10:22; Јвн 15:18, 19; 2Ко 6:4, 5
-
Библиски извештаи:
-
2Пе 2:5; 1Мо 7:23; Мт 24:37-39 — Луѓето не го слушале Ное кога им проповедал, и само тој и неговото семејство го преживеале Потопот
-
2Ти 3:10-14 — Апостол Павле го употребил својот пример за истрајност за да го охрабри Тимотеј да истрае
-
Зошто може да очекуваме дури и некои од семејството да ни се противат?
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 4:3-11; 1Јо 3:11, 12 — Каин го убил својот брат Авел бидејќи делата на Каин биле зли, а делата на Авел праведни
-
1Мо 37:5-8, 18-28 — Браќата на Јосиф го фрлиле Јосиф во една јама, а потоа го продале како роб, што делумно се должело на тоа што им раскажал еден сон кој му дошол од Јехова
-
Зошто не треба да се плашиме од смртта кога сме прогонувани?
Види и От 2:10
-
Библиски извештаи:
-
Да 3:1-6, 13-18 — Седрах, Мисах и Авденаго биле поспремни да умрат отколку да се поклонат на еден кип и со тоа да извршат идолопоклонство
-
Де 5:27-29, 33, 40-42 — И покрај заканите со смрт, апостолите не престанале да проповедаат, и со тоа покажале истрајност
-
Што ќе ни помогне да му останеме верни на Јехова дури и кога ќе добиеме некаков укор?
-
Библиски извештаи:
-
4Мо 20:9-12; 5Мо 3:23-28; 31:7, 8 — Иако бил разочаран од укорот што го добил од Јехова, пророкот Мојсеј верно истрајал до крај
-
2Ца 20:12-18; 2Ле 32:24-26 — Цар Езекија згрешил и бил укорен, но потоа се понизил и продолжил верно и истрајно да му служи на Јехова
-
Како може тоа што другите не му се верни на Јехова да ја стави на испит нашата истрајност?
-
Библиски извештаи:
-
Пс 73:2-24 — Кога видел дека злите водат мирен живот, псалмистот почнал да се прашува дали вреди да продолжи да му служи на Јехова
-
Јвн 6:60-62, 66-68 — Иако многумина престанале да го следат Исус, апостол Петар бил решен и понатаму верно да го следи Исус
-
Што ќе ни помогне да истраеме?
Тоа што ќе останеме близу до Јехова
Тоа што ќе ја проучуваме Божјата Реч и длабоко ќе размислуваме за неа
Тоа што редовно и од срце ќе му се молиме на Јехова
-
Библиски извештаи:
-
Да 6:4-11 — Иако животот му бил во опасност, пророкот Даниел продолжил редовно да му се моли на Јехова без да се крие од другите
-
Мт 26:36-46; Ев 5:7 — Последната ноќ од својот живот на Земјата, Исус сесрдно се молел и ги поттикнал и другите да го прават истото
-
Тоа што редовно ќе присуствуваме на состаноците за да го славиме Јехова заедно со нашите браќа и сестри
Тоа што ќе се концентрираме на наградата што ни ја ветил Јехова
Тоа што ќе ја продлабочуваме љубовта кон Јехова, кон соверниците и кон праведноста
Тоа што ќе си ја зајакнуваме верата
Тоа што ќе имаме исправен став кон страдањата
Како ни користи тоа што истрајно му служиме на Јехова?
Му носиме слава на Јехова
Из 27:11; Јвн 15:7, 8; 1Пе 1:6, 7
-
Библиски извештаи:
-
Јов 1:6-12; 2:3-5 — Сатана го обвинил Јехова дека ги благословува луѓето за да му служат. Јов требало да истрае за да докаже дека Сатана не е во право
-
Ри 5:19; 1Пе 1:20, 21 — За разлика од Адам, кој му бил непослушен на Бог, Исус останал верен и истрајал до крај, и со тоа дал одговор на следново важно прашање: Може ли еден совршен човек да му остане верен на Јехова кога е испитан до крајни граници?
-
Им помагаме на другите да истраат
Имаме успех во службата на проповедање
Јехова е задоволен со нас и ќе нѐ награди