Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Исус Христос

Исус Христос

Колку важна улога има Исус во исполнувањето на Јеховината намера?

Де 4:12; 10:43; 2Ко 1:20; Фп 2:9, 10

Види и Из 8:22, 23, 30, 31; Јвн 1:10; От 3:14

  • Библиски извештаи:

    • Мт 16:13-17 — Апостол Петар за Исус рекол дека е Христос и Синот на Бог

    • Мт 17:1-9 — Исус се преобразил пред тројца од своите апостоли, и Јехова од небото кажал дека тој е неговиот Син

Во што се разликувал Исус од сите други луѓе?

Јвн 8:58; 14:9, 10; Кол 1:15-17; 1Пе 2:22

  • Библиски извештаи:

    • Мт 21:1-9 — Кога влегол во Ерусалим јавајќи на магаре, Исус го исполнил пророштвото за месијанскиот Цар, кој бил избран од Јехова

    • Ев 7:26-28 — Апостол Павле објаснил како Исус, поголемиот Првосвештеник, се разликува од сите други првосвештеници

Што ни покажуваат чудата на Исус за него и за неговиот Татко?

Јвн 3:1, 2; 5:36

  • Библиски извештаи:

    • Мт 4:23, 24 — Исус покажал дека има моќ над демоните и дека може да излечи секаква болест и немоќ

    • Мт 14:15-21 — Исус со чудо нахранил илјадници луѓе со пет леба и две риби

    • Мт 17:24-27 — Исус со чудо обезбедил пари за Петар да го плати храмскиот данок и со тоа спречил некој да се спрепне

    • Мр 1:40, 41 — Кога видел во каква состојба е еден лепрозен човек, Исус се сожалил на него и го излекувал; со тоа покажал дека сака да ги лекува болните

    • Мр 4:36-41 — Исус смирил една силна бура, со што покажал дека неговиот Татко му дал моќ да ги контролира природните сили

    • Јвн 11:11-15, 31-45 — Исус заплакал поради смртта на својот пријател Лазар; потоа го воскреснал Лазар и со тоа покажал дека ја мрази смртта, како и последиците што луѓето ги чувствуваат поради неа

Која била главната порака што ја пренесувал Исус?

Кои се некои од убавите особини што Исус ги покажувал додека бил на Земјата? Забележи како тој покажал дека е...

Мудар — Мт 12:42; 13:54; Кол 2:3

Полн со љубов — Јвн 13:1; 14:31; 15:13; 1Јо 3:16

Понизен — Мт 11:29; 20:28; Јвн 13:1-5; Фп 2:7, 8

Послушен — Лк 2:40, 51, 52; Ев 5:8

Пристаплив — Мт 13:2; Мр 10:13-16; Лк 7:36-50

Сочувствителен; милостив — Мр 5:25-34; Лк 7:11-15

Храбар — Мт 4:2-11; Јвн 2:13-17; 18:1-6

Зошто Исус бил спремен да го жртвува својот живот, и како ни користи тоа?

Зошто треба да бидеме радосни поради тоа што Исус Христос владее како Цар на небото?

Пс 72:12-14; Да 2:44; 7:13, 14; От 12:9, 10

  • Библиски извештаи:

    • Пс 45:2-7, 16, 17 — Овој псалм покажува дека Царот што е избран од Бог ќе ги победи сите свои непријатели и дека како Владетел ќе ги застапува вистината, понизноста и праведноста

    • Иса 11:1-10 — Кога Исус ќе владее како Цар, Земјата ќе биде рај во кој ќе владее мир

Што ќе направи Исус во блиска иднина?